Куќа на Рилковци — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија како претставник на македонската староградска архитектура.
Историја Куќата е сместена во стариот дел на градот, на улица „Цар Самоил“ бр. 33. Му припаѓала на семејството Рилковци и е дел е од комплексот на т.н. Болнички куќи спроти „Св. Богородица Болничка“, кон која гледа главната источна фасада на куќата. На север, преку улицата „Цар Самоил“ граничи со Куќата на Ламбески. Денес му припаѓа на семејството Маринови.
Архитектура Градбата има голем број добро зачувани елементи. Се состои од приземје и два ката. Конструкцијата е традиционална, карактеристичка својот период — камено приземје и катови од дрвена бондручна конструкција и благи еркерни испусти на катовите. Фасадата е бојадисана со розово има дрвени опшивки околу прозорците и карактеристични истакнати дрвени стреи.
Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Охрид
Наводи
Рилковци Рилковци