Ѓорѓи Костадинов Динков - Динката ( во — во ) ― македонски културно-национален деец, учител, учебникар, поет, публицист и општественик.

Животопис Основното училиште го завршил во Солун, а потоа две години учел две години во Богословското училиште на Халки, Атина и во Смоленската гимназија во Русија (1859-1860). Во Русија се запознал со идеите на Висарион Белински, Николај Доброљубов и Николај Чернишевски. Рано се поврзал со Димитар Миладинов и Стефан Верковиќ и патува низ Македонија, собирајќи географско-етнографски и фолклорни материјали. Настојувал чичко му Киријак Држилович, да отвори словенска печатница во Солун, а пак татко му Константин Држилович, интервенирал во Зографскиот манастир да биде отворена печатница, во која би биле печатени делата на неговиот син.

Се обидел да се приклучи на Македонската легија во Белград, но бил спречен на границата (1862 година). Кореспондирал со Гарибалди, Георги Стојков Раковски и други личности од Европа. Поради вербален напад на султанот одлежал 17 месеци во затвор во Видин (Бугарија), до 2 јули 1863 година. Седум месеци по излегувањето од затвор, бил повторно затворен (февруари, 1863 година), кога бил наклеветен од Грците, како руски шпион и панславист. Во родниот дом во Солун, го отворил првото училиште на народен јазик (1866-1868) ѝ станал основач и настојател на првата црковно-училишна општина.

Објавувал статии за јазикот, географијата и историјата на Македонија во константинополскиот весник „Македония“ (1867–1868), Учителствувал во Прилеп, Битола и костурското село Загоричани (1869-1871). Во Загоричани негов ученик бил Димитар Благоев, подоцна основач на Бугарската комунистичка партија. Поради воведување на народниот јазик, со употребата на своите учебници и поради неговата будителска дејност во целиот реон, бил претепан од гркоманите и одново затворен во Костур (според едни извори тоа било во 1869, а според други во 1871). Се вратил во Солун, каде повторно бил наклеветен, по што побегнал во Атина каде почнал да соработува со весникот „Еон“. Истормозен и болен, починал во Атина во 1876 година.

Како и Партенија Зографски, така и Динката се залагал за создавање заеднички книжевен македонско-бугарски јазик, но со основа на македонскиот говор. Останала непубликувана неговата поезија, како ѝ учебниците „Граматика на македонскиот бугарски јазик“, „Наречие Солунскаго округа“, „Подробна географија на Македонија“ и други, како и монографски описи на градови („Историја на града Негош“) и публицистички прилози („Познај себеси“).

Родословие

Библиографија

Андоновски, Христо. 1979. „Семејството Држиловци од Солун“ во: Школството, просветата и културата во Македонија во времето на Преродбата. Скопје: МАНУ.

Ристовски, Блаже. 1958. „Кирјак Држилович, печатар и преродбеник во половината на XIX век“. Разгледи бр. 1.

Наводи

Надворешни врски

Георги Костадинов Динков – Динката

Категорија:Македонски просветители Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски публицисти Категорија:Македонски учители Категорија:Македонски општественици Категорија:Македонски учебникари