Милица Шперовиќ-Рибарски ( во ) — македонска пијанистка и универзитетска професорка на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Животопис
Дипломирала во 1963 година на Музичката академија во Белград, во класата на В. Шкарка, каде што исто така и магистрирала во 1970 година во класата на О. Михајловиќ. Специјализирала во Париз во 1970 година во класата на А. Чиколини и В. Перламутер.
Била професорка на Факултетот за музичка уметност во Скопје во периодот 1975-2003.
Концертирала како солист и член на Дуото Рибарски во 30 земји на Европа, Азија и во Јужна Америка.
Го основала фестивалот Интерфест во Битола.
Водела мајсторски класика и била член на жири-комисии во повеќе европски земји.
Наводи
Категорија:Луѓе од Битола Категорија:Македонски пијанисти Категорија:Македонски универзитетски професори