Климент Ефтимов Бојаџиев () (15 април 1861 - 15 јули 1933) — македонски генерал во бугарската армија и министер за одбрана на Бугарија. Учествува во Српско-бугарската војна (1885) година, Првата балканска војна (1912-1913), Втората балканска војна (1913) и Првата светска војна (1915-1918).

Во период од 15 април 1915 до 7 септември 1915 година, генерал-мајор Климент Бојаџиев бил началник на Штабот на бугарската армија.

Во Првата светска војна бил началник на Прва Бугарска Армија, со која учестува в бојот кај Костур и Лерин - како началник на Леринската операција.

Има добиено неколку ордени: Орден "За храброст" 2-ри ред Орден "Свети Александар" 2-ри ред Орден "За воена заслуга" 4-ти ред Орден "За заслуга"

Извори Недев, С., „Командването на българската войска през войните за национално обединение“, София, 1993, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, стр. 109-110

Категорија:Бугарски генерали Категорија:Бугарски офицери од Македонија Категорија:Луѓе од Охрид Категорија:Родени во 1861 година Категорија:Починати во 1933 година Категорија:Бугари од Првата светска војна Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Носители на орденот „За воена заслуга“ (Бугарија) Категорија:Носители на орденот „За заслуга“ (Бугарија)