Куќа на Групчеви — стара куќа во градот Охрид, прогласена за значајно културно наследство на Македонија.
Архитектура Куќата е сместена на кејот „Македонија“ бр. 2 (старо име кеј „Маршал Тито“) — главното градско шеталиште. Изградена е во 1930 година во неокласичен стил од непознати мајстори. Му припаѓала на семејството Групчеви.
Градбата е поставена самостојно и се состои од приземје и кат. Има богата јужна фасада. Влезот е поставен средишно, со богато обработена дрвена врата, нагласена од два украсни столба со скромни капители на кои се потпира балконот; во помали димензии продолжуваат на катот, каде завршуваат со капители со стилизирани растителни мотиви. Од страните на влезот и балконот на катот има симетрично по еден пар прозорци на приземјето и на катот. Околу прозорците има дискретни рамки, со полукружен лак на приземјето и правоаголни на катот. Балконската ограда има керамички балустради. Фасадата над балконот завршува со тимпанон со натпис „1930“ со украси својствени за класичниот академизам, а истото важи и за аглите и венците на градбата. Другите фасади се поскромни и немаат симетрија.
Градбата е масивна, со носечки ѕидови од полна тула. Меѓукатната и покривната конструкција се дрвени.
Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Охрид
Наводи
Групчеви Категорија:Појавено во 1930 година во Македонија