Инџерлак — археолошко наоѓалиште во велешкото село Иванковци. Претставува некропола од железно време - тумули.
На 3 км јужно од селото, на десната страна од патот за Велес, на две зарамнети тераси се гледаат грамади од камења. При обработувањето на земјата се уништени повеќе помали тумули од некропола. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Велес.
Поврзано
Список на археолошки наоѓалишта во Велешко
Наводи