Поранешно училиште „Свети Сава“ — историска училишна зграда во стариот дел на Охрид, прогласена за значајно културно наследство на Македонија.
Местоположба Зградата се наоѓа во рамките на Самоиловата тврдина, на доминантна висорамнина на ридот Дебој во маалото Месокастро. Сместена е блиску до „Пресв. Богородица Привлептос“ и „Св. Константин и Елена“. Адресата е ул. „Нада Филева“ б.б.
Историја и архитектура Училиштето е е изградено во 1898 – 1899 г. во неокласичен стил со барокни елементи во ренесансен манир. Зградата иам приземје, кат и делумен подрум. Изведена е во масивна конструкција — најдолниот дел е од камен со изразени фуги, а приземјето и катот се од тули со дрвена меѓукатна конструкција. Покривната конструкција е дрвена, а покривот е четириводен, покриен со стари ќерамиди и дасчена оплата. Фасадата има строги геомтериски облици со богата декорација. Прозорците имаат профилирани венци и триаголни тимпанони и фризови.
Во 1980 г. зградата е санирана, ремонтирајќи го покривот и обновувајќи ја електричната и водоводната инталација. Подрумот (или приземје гледано од понискиот дел) на зградата е пренаменет во копаничарска работилница. Потоа одржувана е само оваа просторија бидејќи зградата повеќе не се користела за образовни цели. По 1980 г. градбата не се употребувала постојано. Срушени се делови од подот, а меѓукатната конструкција е уништена. Уништена е и фасадата. Освен подрумот, останатиот дел е затворен како опасен за посетители бидејќи е во состојба на рушење.
Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Охрид
Наводи
Категорија:Згради и градби во Охрид Категорија:Појавено во 1898 година