Деведесет и четвртото доделување на наградите Оскар или Оскари 2022, презентирано од Академијата за филмски уметности и науки (АМПАС), ги одликуваше најдобрите филмови издадени помеѓу 1 март и 31 декември 2021 година и се одржа во театарот Долби во Холивуд, Лос Анџелес, Калифорнија на 27 март 2022 година. Водители на церемонијата биле Ејми Шумер, Ванда Сајкс и Реџина Хол.
Номинациите за дваесет и три категории биле објавени на 8 февруари 2022 година од глумците Трејси Елис Рос и Лесли Џордан. Моќта на кучето заработил номинации во дванаесет категории, а веднаш зад него се нашол Дина, кој заработил номинации во десет категории. Дина бил најуспешен филм со победа во шест категории, зад него, Кода: Дете на глуви родители победил во три категории, вклучително и во категоријата најдобар филм.
Детали за церемонијата Поради континуираното влијание на пандемијата од КОВИД-19 на кинематографијата, изменетите критериуми за учество од деведесет и третото доделување на наградите Оскар (како што се вклучувањето на филмови издадени директно на дигитални платформи и обезбедувањето флексибилност за филмови кои биле прикажани во градови покрај Лос Анџелес) останаа на сила. Бидејќи деведесет и третото доделување на наградите Оскар вклучило филмови кои биле издадени до февруари 2021 година, единствено филмови издадени во периодот помеѓу 1 март и 31 декември 2021 година имале право да се натпреваруваат на деведесет и четвртото доделување на наградите Оскар.
Гласањето за номинациите било завршено на 1 февруари 2022 година. Номинациите биле објавени на 8 февруари 2022 година од глумците Трејси Елис Рос и Лесли Џордан. Церемонијата е планирана да се одржи на 27 март 2022 година во театарот Долби. Било објавено дека датумот е одбран со цел да се избегне судир со Зимските олимписки игри 2022 одржани во Пекинг (кои траеле во периодот 4–20 февруари 2022 година) и Суперболот (кој бил одржан на 13 февруари 2022 година). Дополнително, поради влијанието на пандемијата од КОВИД-19 на шеесет и четвртото доделување на Наградите Греми, за прв пат по 1965 година, доделувањето на Наградите Греми ќе се одржи по доделувањето на Наградите на академијата.
Номинации Моќта на кучето е првиот филм режиран од жена кој добил повеќе од десет номинации, додека пак неговата режисерка, Џејн Кемпион, е првата жена која добила повеќе од една номинација за Оскар за најдобар режисер. Кода: Дете на глуви родители е првиот филм во продукција на Apple Original Films, и првиот филм со претежно глуви глумци во главните улоги кој е номиниран за Оскар за најдобар филм; меѓу глумечката екипа, Трој Коцур е првиот глув глумец кој добил номинација за награда за глума (во категоријата најдобар глумец во споредна улога). Тој е вториот глув глумец во историјата кој заработил номинација за глума, по Марли Матлин, која освоила Оскар за најдобра глумица за изведбата во Деца на помалиот бог (1986).
Вози ја мојата кола е првиот јапонски филм номинран за најдобар филм, додека пак неговиот режисер Рјусуке Хамагучи, е третиот јапонски режисер номиниран за најдобар режисер. Бегај е првиот филм номиниран истовремено во категориите најдобар анимиран филм, најдобар странски филм и најдобар документарен филм. Кенет Брана е првиот човек кој добил номинации во седум различни категории со добиените номинации за најдобар филм и најдобро оригинално сценарио за Белфаст.
Приказна од западната страна во режија на Стивен Спилберг е втора адаптација на истоимениот бродвејски мјузикл од 1957 година; првата адаптација добила Оскар за најдобар филм во 1962 година. Со номинацијата за најдобар филм, Спилберг станал индивидуалец со најмногу номинации во категоријата, вкупно единаесет. Номинацијата на Спилберг за најдобар режисер го прави него првиот режисер со номинација во таа категорија во шест последователни декади. Пол Тазевел станал првиот афроамериканец костимограф номиниран за Оскар за најдобра костимографија за неговата работа во Приказна од западната страна. Пица со сладунец на Пол Томас Андерсон е првиот целосно продуциран, рекламиран и дистрибуиран филм на Метро-Голдвин-Мајер кој добил номинација за најдобар филм во 33 години, по добитникот на Оскар за најдобар филм од 1988 година, Дождовен човек.
Со улогите во Не гледај нагоре и Улица на кошмарите, Кејт Бланшет станала првата глумица со улоги во девет номинирани филмови за најдобар филм, надминувајќи ја Оливија де Хевиленд која глумела во осум. Оливија Колман и Џеси Бакли добиле номинации за иста улога во филмот Загубената ќерка, што било само трет пат во историјата две личности да бидат номинирани за изведба на иста улога во ист филм. Номинациите за Кристен Стјуарт (Спенсер) и Аријана ДеБос (Приказна од западната страна) означиле за прв пат две LGBTQ+ глумици да бидат номинирани во иста година. Исто така за прв пат во една година два пара биле номинирани за награди, венчаниот пар Пенелопе Круз и Хавиер Бардем (Круз за Паралелни мајки; Бардем за Да се биде Рикардо), како и верениот пар Кирстен Данст и Џеси Племонс (двајцата за Моќта на кучето); нивните колективни номинации ги опфаќаат сите четири глумечки категории.
Награди Победниците ќе бидат подредени први и ќе бидат напишани со задебелени букви.
Најдобар Филм Најдобар режисер Кода: Дете на глуви родители – Филип Русле, Фабрис Жанферми и Патрик Васбергер Белфаст – Лаура Берик, Кенет Брана, Бека Ковачик и Тамар Томас Не гледај нагоре – Адам Макај и Кевин Месик Вози ја мојата кола – Терухиса Јамамото Дина – Мери Перент, Дени Вилнев и Кајл Бојтер Кралот Ричард – Тим Вајт, Тревор Вајт и Вил Смит Пица со сладунец – Сара Марфи, Адам Сомнер и Пол Томас Андерсон Улица на кошмарите – Гиљермо дел Торо, Џ. Мајлс Дејл и Бредли Купер Моќта на кучето – Џејн Кемпион, Тања Сегачјан, Емил Шерман, Ијан Канинг и Роџер Фрапиер Приказна од западната страна – Стивен Спилберг и Кристи Макоско Кригер | style="vertical-align:top; width:50%;"| Џејн Кемпион – Моќта на кучето Кенет Брана – Белфаст Рјусуке Хамагучи – Вози ја мојата кола Пол Томас Андерсон – Пица со сладунец Стивен Спилберг – Приказна од западната страна Најдобар глумец во главна улога Најдобра глумица во главна улога Вил Смит – Кралот Ричард како Ричард Вилијамс Хавиер Бардем – Да се биде Рикардо како Деси Арназ Бенедикт Камбербач – Моќта на кучето како Фил Бурбенк Ендру Гарфилд – Тик, Тик... Бум! како Џонатан Ларсон Дензел Вашингтон – Трагедијата на Макбет како Лорд Макбет Џесика Честејн – Очите на Тами Феј како Тами Феј Бакер Оливија Колман – Загубената ќерка како Леда Карузо Пенелопе Круз – Паралелни мајки како Џенис Мартинес Морено Никол Кидман – Да се биде Рикардо како Лусил Бол Кристен Стјуарт – Спенсер како Дијана, Принцезата од Велс Најдобар глумец во споредна улога Најдобра глумица во споредна улога Трој Коцур – Кода: Дете на глуви родители како Френк Роси Киран Хајндс – Белфаст како дедото Џеси Племонс – Моќта на кучето како Џорџ Бурбенк Џ. К. Симонс – Да се биде Рикардо Како Вилијам Фраули Коди Смит-Мекфи – Моќта на кучето како Питер Гордон Аријана ДеБос – Приказна од западната страна како Анита Џеси Бакли – Загубената ќерка како млада Леда Карузо Џуди Денч – Белфаст како бабата Кирстен Данст – Моќта на кучето како Роуз Гордон Онжану Елис – Кралот Ричард како Орасин Прајс Најдобро оригинално сценарио Најдобро адаптирано сценарио Белфаст – Кенет Брана Не гледај нагоре – Адам Макај и Давид Сирота Кралот Ричард – Зак Бајлин Пица со сладунец – Пол Томас Андерсон Најлошиот човек на светот – Ескил Вогт и Јоаким Триер Кода: Дете на глуви родители – Сијан Хедер Вози ја мојата кола – Рјусуке Хамагучи и Такамаса Ое Дина – Jon Spaihts, Дени Вилнев и Ерик Рот Загубената ќерка – Меги Џиленхол Моќта на кучето – Џејн Кемпион |- ! style="background:#EEDD82;text-align:center"| Најдобар анимиран филм ! style="background:#EEDD82;text-align:center"| Најдобар странски филм |- | valign="top" | Енканто: Нашиот волшебен свет – Џеред Буш, Бирон Хауард, Ивет Мерино и Кларк Спенсер Бегај – Јонас Поер Расмусен, Моника Хелштрем, Сигне Бирге Серенсен и Шарлот Де Ла Гурнери Лука – Енрико Касароса и Андреа Ворен Мичелови против машините – Мајк Рианда, Фил Лорд, Кристофер Милер и Курт Албрехт Раја и последниот змеј – Дон Хол, Карлос Лопес Естрада, Оснат Шурер и Питер Дел Веко | style="vertical-align:top; width:50%;"| Вози ја мојата кола () на јапонски – Режија на Рјусуке Хамагучи Бегај () на дански – Режија на Јонас Поер Расмусен Божја рака () на италијански – Режија на Паоло Сорентино Лунана: Јак во училната () на ѕонгка – Режија на Паво Чојнинг Дорџи Најлошиот човек на светот () на норвешки – Режија на Јоаким Триер |- ! style="background:#EEDD82;text-align:center"| Најдобар документарен филм ! style="background:#EEDD82;text-align:center"| Најдобар краткометражен документарен филм |- | valign="top" | Лето на душата – Questlove, Јозеф Пател, Роберт Фиволент и Давид Динерштајн Вознесение – Џесика Кингдон, Кира Сајмон-Кенеди и Нејтан Трусдел Атика – Стенли Нелсон и Треси А. Кари Бегај – Јонас Поер Расмусен, Моника Хелштрем, Сигне Бирге Серенсен и Шарлот Де Ла Гурнери Пишување со оган – Ринту Томас и Сашмит Гош | style="vertical-align:top; width:50%;"| Кралицата на кошарката – Бен Праудфут Звучен – Метју Огенс и Геоф Меклин Води ме дома – Педро Кос и Џон Шенк Три песни за Беназир – Елизабет Мирзеи и Гулистан Мирзеи Кога бевме насилници – Џеј Розенблат |- ! style="background:#EEDD82;text-align:center"| Најдобар игран краткометражен филм ! style="background:#EEDD82;text-align:center"| Најдобар анимиран краткометражен филм |- | valign="top" | Долго збогум – Анели Карија и Риз Ахмед Ала Качуу - Земи и бегај – Марија Брендл и Надин Лихингер Фустанот – Тадеуш Лисијак и Масие Шлезики Во мојот ум – Мартин Стрејнџ-Хансен и Ким Магнусон Те молам почекај – К.Д. Давила и Левин Менексе | style="vertical-align:top; width:50%;"| Бришачот на шофершајбна – Алберто Миелго и Лео Санчес Работи на уметноста – Џоана Квин и Лес Милс Ѕвер – Хуго Коварубијас и Тево Диаз БоксБалет – Антон Дјаков Робин Робин – Дан Ојари и Мајки Плиз |- ! style="background:#EEDD82;text-align:center"| Најдобра оригинална музика ! style="background:#EEDD82;text-align:center"| Најдобра оригинална песна |- | valign="top" | Дина – Ханс Цимер Не гледај нагоре – Николас Брител Енканто: Нашиот волшебен свет – Жермен Франко Паралелни мајки – Алберто Иглесијас Моќта на кучето – Џони Гринвуд | style="vertical-align:top; width:50%;"| No Time to Die од Не е време за умирање – музика и текст: Били Ајлиш и Финијас О’Конел Be Alive од Кралот Ричард – музика и текст: DIXSON и Бијонсе Ноулс-Картер Dos Oruguitas од Енканто: Нашиот волшебен свет – музика и текст: Лин-Мануел Миранда Down to Joy од Белфаст – музика и текст: Ван Морисон Somehow You Do од Четири добри денови – музика и текст: Дајан Ворен |- ! style="background:#EEDD82;text-align:center"| Најдобар звук ! style="background:#EEDD82;text-align:center"| Најдобра сценографија |- | valign="top" | Дина – Мак Рут, Марк Мангини, Тео Грин, Даг Хемфил и Рон Бартлет Белфаст – Дениз Јард, Сајмон Чејс, Џејмс Матер и Нив Адири Не е време за умирање – Сајмон Хајс, Оливер Тарни, Џејмс Харисон, Пол Маси и Марк Тејлор Моќта на кучето – Ричард Флин, Роберт Макензи и Тара Веб Приказна од западната страна – Тод А. Маитленд, Гери Ридстром, Брајан Чамни, Енди Нелсон and Шон Марфи | style="vertical-align:top; width:50%;"| Дина – Патрис Вермет и Жужана Сипос Улица на кошмарите – Тамара Деверел и Шејн Вие Моќта на кучето – Грант Мејџор и Амбер Ричардс Трагедијата на Макбет – Стефан Дешан и Ненси Хај Приказна од западната страна – Адам Стокхаусен и Рена ДеАнгело |- ! style="background:#EEDD82;text-align:center"| Најдобра кинематографија ! style="background:#EEDD82;text-align:center"| Најдобра шминка и фризура |- | valign="top" | Дина – Грег Фрејзер Улица на кошмарите – Дан Лаустсен Моќта на кучето – Ари Вегнер Трагедијата на Макбет – Бруно Делбонел Приказна од западната страна – Јануш Камински | style="vertical-align:top; width:50%;"|