Магаза на Сулејман Хамди Џељо — магаза во градот Охрид, прогласена за културно наследство на Македонија.

Архитектура Градбата се наоѓа на чаршиската улица „Свети Климент Охридски“ бр. 5, на плоштадот „Крушевска Република“ спроти Стариот чинар. Изградена е во втората половина на XIX век од непознати мајстори. Се состои од подрум и приземје и кат. Првите две се изградени од камен, а катот е напарвен од наизменични хоризонтални појаси од бигор и полна тула. Аглите се обликувани од обработени блокови со плитка во вид на пиластри. Отворите на приземјето и на катот се сводести, од полна тула. Од полна тула е пиластерот во средината на фасадата, тимпанонот и венецот. Металните капаци типични за магазите не се зачувани. Високо горе на фасадата има мермерна плоча со натпис на арабица — единствената плоча на туѓ јазик од деветте зачувани плочи на охридските магази. Му припаѓала на Сулејман Хамди Џељо.

Поврзано Културно наследство на Македонија

Наводи

Сулејман Хамди Џељо