Рајан Сантјаго (родена на 25 мај 1994 година), професионално позната како Ројал енд д Серпент, е американска пејачка и текстописец.
Ран живот Родена во Њу Џерси, Рајан Сантјаго е родена на 25 мај 1994 година. Сантјаго се занимавала со натпреварувачки танц како дете, сè додека не ги „скршила двете нејзини петици“ откако скокнала од сцената при настап на 14 години. Таа потоа навлегла во музичкиот театар. Во нејзините тинејџерски години, Сантјаго научила да свири гитара и почнала да пишува песни.
Кариера На 18-годишна возраст, Сантјаго се преселила во Лос Анџелес, каде што работела како шанкер во ресторан. Поради охрабрувањето од колешката, која подоцна станала нејзиниот прв менаџер, била мотивирана да продолжи со професионална кариера како музичар.
Во 2017 година, Сантјаго независно ја издала Умереност (Temperance), нејзината песна под уметничкото име Ројал енд д Серпент. На нејзиниот назив, таа објаснила дека името во превод значи „Јас + моето его“. Во 2018 година, таа ја издала својата втора песна, Заедно (Together), и била вклучена во песната Лоша (Wicked) од музичкиот продуцент Томи Профит. До крајот на 2019 година, таа потпишала со Атлантик рекордс.
Презаситен (Overwhelmed), првата песна на Ројал енд д Серпент на Атлантик, била објавена во јуни 2020 година, а нејзиниот албум Среди се (Get a Grip) бил објавен во октомври. Таа година, таа се приклучила на виртуелната турнеја на англиската пејачка Јангблад како споредна работа. Вториот албум на Ројал енд д Серпент Барајќи Нирвана (Searching for Nirvana) бил објавен во јуни 2021 година Нејзиниот трет албум Ако умрам дали некому ќе му биде гајле (IF I DIED WOULD ANYONE CARE) бил објавен во јануари 2022 година.
Дискографија
ЕП +Список на ЕП Наслов ДеталиСреди се (Get a Grip) Објавено: 16 октомври 2020 година Ознака: Атлантик Формати: Дигитално преземањеБарајќи Нирвана (Searching for Nirvana) Објавено: 4 јуни 2021 година Ознака: Атлантик Формати: Дигитално преземањеАко умрам дали некому ќе му биде гајле (IF I DIED WOULD ANYONE CARE) Објавено: 28 јануари 2022 година Ознака: Атлантик Формати: Дигитално преземање
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1994 година Категорија:Жени-уметници