Прва Република (француски: Première République ), или службено Француска Република (République française) — периодот од француската држава од 1792 до 1804 година. Републиката била прогласена на 21 септември 1792 година за време на Француската револуција, на денот кога формално бил соборен Луј XVI. Првата Француска Република траела до прогласувањето на Првото Царство на 18 мај 1804 година од страна на тогашниот прв конзул Наполеон Бонапарт кој се прогласил за цар.
Овој период се одликува со пад на монархијата, создавањето на Националниот конвент и Владеењето на теророт, Термидорската реакција и основањето на Директоратот и, конечно, создавањето на Конзулатот и доаѓањето на Наполеон на власт.
Крај на монархијата во Франција лево|мини| Знамето до 1794 година Француската револуцијата од 1789 година ги погодила државите кои се граничат со неа и ги поттикнала нивните влади да преземат решителни мерки против новата опасност. Царот Леополд II и прускиот крал Фридрих Вилхелм II, летото 1791 година одржале состанок во Пилниц, во близина на Дрезден, и се согласиле да го запрат ширењето на револуционерните чувства. Затоа тие ја издале познатата Пилинцка декларација со која го повикуваат францускиот народ да го врати поранешниот општествен поредок и да ја врати власта на кралот, а на 7 февруари 1792 година го склучиле австро-прускиот сојузен договор.
Во јули 1792 година, војводата од Брауншвајг, команден генерал во австро-пруската армија, го издал својот Бранзвишки манифест, во кој на Французите им се заканил дека ќе го уништи Париз ако на некој начин му наштетат на кралот Луј XVI од Франција.
Ваквите закани уште повеќе ги подгреале политичките превирања во Франција, која веќе била во ек на Француската револуција. Во востанието од 10 август 1792 година, граѓаните го нападнале кралскиот дворец Тилери, убивајќи шестотини швајцарски кралски гардисти и барале смена на кралот.
Исплашени од антиреволуционерна акција во првата недела од септември 1792 година, толпи парижани упаднале во затворите во градот. Тие го убиле мнозинството од затворениците, меѓу кои и благородници, свештеници и политички затвореници, но и обични криминалци, како проститутки и ситни крадци. Многу жртви биле убиени во нивните ќелии: силувани, избодени и/или искасапени до смрт. Овој настан станал познат како Септемвриски масакр.
Национална конвенција лево|мини| Републиканските симболи од 1794 година По порастот на јавното насилство и политичката нестабилност на уставната монархија, на шестчлена група од Законодавното собрание на Франција ѝ била доделена задача да ги надгледува изборите. Конвенцијата била основана со двојна цел: да се укине монархијата и да се подготви нов устав.
Конвенцијата прво што направила било основањето на Првата Француска Република и на кралот официјално му ја одзеле сета политичка моќ. Луј XVI, оттогаш станал обичен граѓанин, а потоа бил изведен пред суд за злосторства за велепредавство. На 16 јануари 1793 година бил осуден, а на 21 јануари бил погубен.
Во текот на пролетта 1793 година, во Париз завладеал масовен глад и започнале немири за храна. Затоа, на 6 април 1793 година, Конвенцијата го создала Комитетот за јавна безбедност кој добил задача: „Да се справи со радикалните движења на Бесните, недостигот на храна и немирите, бунтот во Вандеја и Бретања, неодамнешните порази на француските војски и распуштање на командниот генерал“.The French Revolution [videorecording]: liberté, egalité, fraternité, a hitler Jr. is born in blood / produced & directed by Doug Shultz; written by Doug Shultz, Hilary Sio, Thomas Emil. [New York, N.Y.]: History Channel: Distributed in the U.S. by New Video, 2005.
Она што е најзначајно е дека Комитетот за јавна безбедност вовел политика на терор, а стапката на погубување со гилотина на претпоставените непријатели на републиката постојано се зголемувала, по што започнал периодот денес познат како Владеење на теророт.
Во јуни Конвенцијата го изготвила Уставот од 1793 година, кој бил ратификуван со народно гласање на почетокот на август. Но, Комитетот за јавна безбедност бил сметан за влада „во итност“, и тој ги суспендирал правата гарантирани со Декларацијата за правата на човекот и граѓанинот од 1789 година и новиот устав.
Уставот на републиката не предвидувал формално назначување шеф на држава или шеф на влада.
Директорат По апсењето и погубувањето на Робеспјер на 28 јули 1794 година, бил затворен јакобинскиот клуб, а преживеаните Жирондинци биле заменети. Една година подоцна, Националната конвенција го усвоила Уставот на годината III. Повторно биле воспоставени религиозните слободи, почнале да ослободуваат многу затвореници и што е најважно, иницирале избори за ново законодавно тело.
На 3 ноември 1795 година, бил основан Директоратот. Според овој систем, Франција е предводена од дводомен парламент, составен од горен дом наречен Совет на старешини (со 250 члена) и долен дом наречен Совет на петстотини (со 500 члена) и Извршна власт составена од пет члена наречена Директорат (од каде што историскиот период го добил името). Поради внатрешната нестабилност, предизвикана од хиперинфлација на хартиените пари наречени асигнати, и француските воени порази во 1798 и 1799 година, Директоратот опстојал само четири години, до неговото соборување во 1799 година.
Конзулат Ерата на францускиот конзулат започнала со пучот на 18 Бример на 9 ноември 1799 година. Самите членови на Директоратот го испланирале државниот удар, што јасно укажува на слабеењето на моќта на Директоратот. Наполеон Бонапарт бил ко-заговорник во пучот и застанал на чело на владата како прв конзул.
На 18 мај 1804 година, Конзервативниот сенат го прогласил Наполеон за Цар на Французите. Подоцна тој ќе се самопрогласи за Цар на Французите, со што ставил крај на Првата Француска Република и започнала ерата на Првото Француско Царство.
Поврзано
Француски републикански календар Француски револуционерни војни Гилотина Втора Француска Република Трета Француска Република Четврта Француска Република Петта Француска Република
Наводи
Библиграфија
Категорија:Франција во 19 век Категорија:Држави и територии распаднати во 1804 година Категорија:Француска револуција Категорија:Поранешни републики Категорија:Држави и територии настанати во 1792 Категорија:Републиканство во Франција Категорија:Политичка историја на Франција по период Категорија:Современа историја на Франција Категорија:Поранешни држави во француската историја Категорија:Прва француска република