Хезел () — општина во округот Лер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 12 километри североисточно од окружниот град Лер и 25 километри источно од безокружниот град Емден.
Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.
Географија Местоположба
Хезел се наоѓа во средишниот дел на Источна Фризија. Околината на Хезел е една од највисоките области на Источна Фризија. Највисока точка во општинското подрачје е 17 метри во Хезелската Шума.
Општински единици
Општината е составена од следниве единици:
Бенингафен Клајнхезел Кифелд Хаселт Штикелкамп Хезелер Херн Нојемор
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Лер (округ) Категорија:Населени места во Источна Фризија