Сивкава дебелоглавка (Pyrgus alveus) е пеперутка од видот дебелоглавки. Пеперугата ја има и во Македонија.

Опис

Ова е прилично променлив вид со распон на крилјата од 22–32 mm со опишани неколку подвидови. Како и кај повеќето видови дебелоглавки, има темно кафеави крилја со бледо карирани рабови и е прилично тешко да се идентификуваат конкретно на терен, но добрите погледи откриваат јасни, добро распоредени бели дамки на предните крила и многу побледи ознаки на задните крила.

Овој вид сè уште не е соодветно истражено од таксономски аспект. Посебно, издвојувањето и евалуацијата на таксони Pyrgus alveus, Pyrgus trebevicensis и Pyrgus accretus се смета за исклучително проблематична. Затоа, во многу случаи, извештаите не можат јасно да се доделат ниту е потврдена таксономска поделба заснована на биолошки разлики во комплексот. Последователно, многу автори ги сметаат Pyrgus trebevicensis и Pyrgus accretus како синоними, подвидови или еколошки форми на Pyrgus alveus. Поради досега нерешените проблеми во однос на таксономијата и идентификацијата, комплексот Pyrgus alveus / Pyrgus trebevicensis е означен подолу како Pyrgus alveus agg.

Распространетост Видовниот комплекс Pyrgus alveus agg. се наоѓа од северозападна Африка преку планините на Пиринејскиот Полуостров и јужна Европа (Апенините и Балканскиот Полуостров), како и низ западна, централна (до јужна северногерманска рамнина) и источна Европа до Трансбајкалија. Во Северна Европа е населен само јужниот дел на Феноскандиа. На југоисток областа се протега преку Анадолија до Кавказ. Отсутен е од Данска и практично сите европски острови вклучувајќи ги Велика Британија, Ирска, Азорите, Балеарските Острови, Каналските Острови, Канарските Острови, Крит, Кипар, Исланд итн.

Синоними

Сионими на пеперугата се:

• Hesperia scandinavicus Strand, 1903

• Hesperia alticola Rebel, 1909

• Syrichthus ballotae Oberthür, 1910

• Hesperia centralitaliae Verity, 1920

• Hesperia accreta Verity, 1925

• Hesperia trebevicensis Warren, 1926

Наводи

Надворешни врски Fauna Europaea

Категорија:Дебелоглавки Категорија:Инсекти на Македонија