Грамади — археолошко наоѓалиште во велешкото село Ногаевци. Претставува населба од римското време. На 3,5 км југоисточно од селото, 200 м оддалечено од десниот брег на Брегалница и околу 1 км од утоката во Вардар, на површина од околу 1 хектар се гледаат контурите на неколку градби, а по површината се среќаваат грамади од градежен материјал и фрагменти од керамички садови и питоси.

Поврзано Горна Црква — некропола од доцноантичкото време; Задружен Блок — тумул од веројатно железното време; Лисички Дупки — некропола од доцноантичкото време; Ограѓе — населба од доцноантичкото време; Црвеници — населба и некропола од доцноантичкото време; Ногаевци; Список на археолошки наоѓалишта во Велешко; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи