Оџовица — археолошко наоѓалиште во селото Извор во Општина Чашка. Претставува населба од римското време.
Местоположба Оџовица се наоѓа на околу 1 километар источно од селото и лево од патот за Прилеп, на блага падина што се спушта кон реката.
Ископувања и наоди На површина од околу 2 хектара се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, грамади од камења и друг градежен материјал. Во Народниот музеј во Велес се чува една монета.
Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Велешко
Наводи