Ливорно (итал. Livorno) е град на Лигурското Море и е најголемото пристаниште во Тоскана, Италија. Ливорно е административен центар на истоимената покраина, со население од 158.493 жители во декември 2017 година.

Историја лево|мини|300x300пкс| Утврдувањето на Ливорно во 17 век

Среден век Ливорно (под името Ливорна) за првпат се споменува во 1017 година како рибарско село со неколку куќи. Грофицата Матилда од Тоскана во 1103 година овде изградила кула а веднаш потоа земјата им ја подарила на свештениците од Пиза. Република Пиза ја поседувала Ливорна од 1103 година и изградила четириаголна тврдина наречена Quadratura dei Pisani („Четврт на Пизаните“) за да го брани пристаништето. Порто Писано бил уништен по поразот на пизанската флота во Битката кај Мелорија во 1284 година.Vaccari et al, p. 28 Во 1399 година, Пиза ја продала Ливорна на Миланските Висконти во 1405 година бил продаден на Република Џенова; а на 28 август 1421 година бил купен од Република Фиренца. Името „Легорн“ потекнува од џеновското име Лигорна.Si veda in proposito G. Ciccone, Livorno: il mistero del nome, in "Il Pentagono", n. 11, novembre 2009.

Медичијански период (1500-1650) Ливорно својата трансформација во град и своето сегашно значење им ја должи на владетелите на семејството Медичи, владејачката династија во Фиренца. Помеѓу 1518 и 1534 година била изградена Старата тврдина (Фортеца Векија) и било стимулирано доброволно преселување на населението во Ливорно, но Ливорно сепак останал прилично безначајна крајбрежна тврдина.Vaccari et al, p. 48 Во 1551 година, Ливорно имал 1562 жители.

Во доцните 1580-ти, Фердинандо I де Медичи, Големиот војвода од Тоскана, го прогласил Ливорно за слободно пристаниште (порто франко), што значело дека стоката на ова пристаниште нема да подлежи на царински давачки. Во 1593 година, администрацијата на војводата го основала Леги Ливорнин за да ја регулира трговијата.

Ливорно станал просветлен европски град и едно од најважните пристаништа на целиот средоземен слив. Многу луѓе од ширум Европа се преселиле во Ливорно. Меѓу нив имало христијански протестантски реформатори кои ги поддржувале водачите како Мартин Лутер, Џон Калвин и други. Пристигнале французи, холанѓани, англичани, и Грци . Во меѓувреме, Евреите продолжиле да тргуваат според претходниот договор со Големиот војвода. На 19 март 1606 година, Фердинандо I де Медичи го прогласил Ливорно за град.

По 17 век мини|Панорама на Ливорно во средината на 19 век. За време на италијанските походи во Француските револуционерни војни кон крајот на осумнаесеттиот век, трупите на Наполеон го окупирале Ливорно заедно со цела Тоскана. По Виенскиот конгрес, потпаднал под австриска власт.

Во 1861 година, Италија по обединувањето на Италија Ливорно и Тоскана станале дел од новото Кралство Италија и како дел од Кралството градот го изгубил статусот на слободно пристаниште и трговската важност на градот започнала да опаѓа.

Градот бил сериозно оштетен за време на Втората светска војна . Многу историски места и згради биле уништени од бомбите на сојузниците, меѓу кои и катедралата и синагогата во Ливорно.

Граѓаните на Ливорно во последните децении станале добро познати по својата лево ориентирана политика. Италијанската комунистичка партија била основана во Ливорно во 1921 година.

Знаменитости центар|мини|800x800пкс| Поглед на Ливорно од старата тврдина мини|300x300пкс| Венеција Нуова Фердинандо II де Медичи, во 1629 година, го проширил градот кон север во областа меѓу Фортеца Векија и Фортеца Нуова, за да има простор за поморските и трговските активности. Новиот рион (област), наречен , бил изграден во област близу морето, била испресечена со канали и поврзана со градот со мостови.

Chiesa di Sant'Anna - црква посветена на Света Ана, била изградена во 1631 година на местото од Архиерејското братство на друштвото на Христовото раѓање.Dario Matteoni, Le città nella storia d’Italia Livorno, p.64, Edizioni Laterza e Belforte Editore Livorno

Споменикот на четири Маври е посветен на Фердинандо I де Медичи, великиот војвода од Тоскана, и е еден од најпопуларните споменици во Ливорно. Споменикот бил завршен во 1599 година, и пристигнал од Карара во Ливорно по морски пат во 1601 година.

Во 1994 година бил отворен музеј посветен на сликарот Џовани Фатори, и е сместен во вилата Мимбели, градба од 18 век опкружена со огромен парк. Приземјето и првиот кат на музејот се украсени со украси, мебел и драперии од стилот на 18 век со фрески од Анибале Гати.

Економија

Пристаништето во Ливорно Градот и неговото пристаниште се важна дестинација за патници и туристи.

Спорт Меѓу спортистите од светски ранг од Ливорно се Фабрицио Мори, светски шампион на 400 метри со пречки од 1999 година и Алдо Монтано, кој освоил златен олимписки медал во мечување.

Галерија

Поврзано

Битката кај Ливорно

Наводи

Белешки

Извори

Надворешни врски

Општинска веб-страница (in Italian) Веб-страница на пристаништето Ливорно Фотографска карта на градот Ливорно (in English) Фердинандо I Де Медичи, Документ со кој се повикуваат еврејските трговци да се населат во Ливорно и Пиза, на италијански, Ракопис на Велум, Фиренца, Италија, 10 јуни 1593 година (фак-симил) Видео турнеја во Ливорно Ливорно бродска обиколка по Медицинските канали

Категорија:Ливорно Категорија:Статии со микроформати hAudio Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Крајбрежни градови Категорија:Градови во Италија Категорија:Градови во Тоскана