Битолска синагога во Израел — синагога во Јагел Јааков во Ерусалим отворена од Евреите иселеници од Битола. Била отворена во 30-тите година на ⅩⅩ век и претставувала центар на македонската еврејска заедница „Монастирлија“ формирана во населбата Шама, на падините на брего Цион во Израел Во 1915 година заедницата имала повеќе од 1.000, а во 1919 стигналa до околу 2.000 членови. Заедницата имала организирана Талмуд Тора со 150 ученици во 1919 година.
Наводи
Категорија:Синагоги