мини|Линиски цртеж означен со Асор (Асирски Асор). Ова е претстава на хоризонтална аголна харфа. Од книгата „Историја на музиката“ од Анри Мари Лавоа (1846–1897) од 1884 година. Асорот (; од есер (עשר), што значи „десет“) ― музички инструмент „од десет жици“ спомнат во Библијата. Постои мала согласност за тоа каков вид на инструмент бил или со какви инструменти имал сличности.
Библиски споменувања Зборот се појавува само трипати во Библијата и не е пронајден на друго место. Во Псалм 33:2 споменувањето е на „ кинор, невел и асор“ (); во Псалм 92:3, до „небел и асор“; во Псалм 144 до „небел-асор“.
Во Библијата на кралот Џејмс, асор бил преведен „инструмент од десет жици“, со маргинална белешка „испуштeno“ применета на „инструмент“. Во Септуагинтата, зборот е изведен од корен што означува „десет“, грчкиот е ἐν δεκαχορδῷ или ψαλτήριον δεκάχορδον, во Вулгата во decachordo psalterio. Секој пат кога се користи зборот асор, тој го следи зборот небел и веројатно само означува варијанта на небел, со десет жици наместо вообичаените дванаесет што му ги доделил Јосиф Флавиј. cites Antiquities, vii. 12. 3.
Библиографија
Херман Мендел и Август Рајсман, Musikalisches Conversations-Lexikon, кн. 1 (Берлин, 1881) Сер Џон Стајнер, The Music of the Bible, Форкел, Allgemeine Geschichte der Musik, том 1 (Лајпциг, 1788).
Поврзано
Псалтирија
Наводи
Дополнителна литература
Категорија:Древен Израел и Јудеја Категорија:Жичени инструменти Категорија:Староеврејски музички инструменти Категорија:Израелски музички инструменти Категорија:Загубени и веќе непостоечки музички инструменти