Дејвид Бари Морган (роден на 4 јули 1994 година, во Белфаст) е северноирски фудбалер, играч од средниот ред на Саутпорт.

Клупска кариера Морган се приклучил на Нотингем Форест на четиринаесетгодишна возраст од северноирскиот клуб Ардс, откако бил скаутиран додека играл на престижниот младински турнир Милк куп. Играл за младинските екипи на Форест четири години, пред да отиде на 28-дневна позајмица во Линколн Сити на 14 септември 2012 година. Тој го имал своето деби на 15 септември 2012 година во победата над Хајд Јунајтед со 3-2, каде што влегол во игра како замена во 85-тата минута. Морган потоа се приклучил на Данди во Премиер лигата на Шкотска на 31 јануари 2013 година. Таму заиграл само еднаш, влегувајќи како замена за Ники Рајли во поразот од Селтик со 5-0. На 25 октомври 2013 година, му се приклучил на Тамворт, клуб од петтото ниво на англискиот фудбал.

По неговото отпуштање од Нотингем Форест, Морган потпишал договор со клубот од Северната Премиер лига, Илкестон, на 13 август 2014 година. На 2 март 2017 година, Морган се приклучил на Фајлд за необјавена сума од 5 цифри.

На 9 септември 2017 година, Морган потпишал за Харогет Таун. Потоа било објавено по само 3 настапи за Харогет, дека тој потпишал за Саутпорт на 22 септември 2017 година.

На 1 февруари 2021 година, Морган се приклучил на Акрингтон Стенли клубот од Лига Еден за необјавена сума. На 31 јули 2023, Морган го апуштил клубот.

На 3 август 2023, Морган се вратил во Саутпорт.

Репрезентативна кариера Морган играл за младинските селекции на Северна Ирска, под 17, под 19 и под 21 година.

Наводи

Надворешни врски

Дејвид Морган на soccerway Дејвид Морган на transfermarkt Дејвид Морган на espn Дејвид Морган на whoscored

Категорија:Северноирски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1994 година Категорија:Фудбалери на ФК Нотингем Форест Категорија:Фудбалери на ФК Данди