Бунде () — општина во округот Лер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Географија Местоположба

Општината Бунде се наоѓа во областа Рајдерланд, една од четирите историски области во округот Лер. Рајдерланд е единствена област на Источна Фризија, која се наоѓа лево од реката Емс. Окружниот град Лер се наоѓа околу 13 километри североисточно од главното место Бунде. Општината е единствена во Источна Фризија, која има заедничка земјена граница со Холандија. Холандското место Бад Ниувешанс се граничи со Бунде. На северозапад се наоѓа морскиот залив Доларт. Од најблискиот голем град во Холандија, Гронинген, Бунде се наоѓа 47 километри на запад. Најблизок германски голем град е Олденбург, оддалечен околу 64 километри на исток.

Соседни општини

Бунде се граничи со пет општини, кои се наоѓаат во две држави. На север се граничи со општината Јемгум, а на североисток со градот Венер. На југ се граничи Бунде со општината Реде во округот Емсланд. На југозапад се граничи со општината Вестерволде, а на запад со општината Олдамбт.

Општински единици

Општината Бунде е составена од пет единици:

Единица Жители Површина (км²)Bürgerbroschüre. (PDF; 2,3 MB) gemeinde-bunde.de, S. 46; abgerufen am 21. Mai 2018. Карта Бен 461 8,81 десно|80п Бунде 3885 19,69 Бундерхе 598 16,17 Доларт 1285 53,40 Вимер 1351 22,96 Вкупно 7580 121,03

Особеност е единицата Долар, која се состои од повеќе села и до 1973 година била посебна општинска заедница. Историско место со име Доларт не постои. Во денешната единица Доларт влегуваат селата Бундерхамрих, Дицумерхамрих, Дицумерверлат, Хајницполдер, Каналполдер и Ландшафтсполдер.

Туризам

Релативно оддалеченото место започнало да привлекува внимание кај туристите во 1980-тите години. Тие биле привлечени од недопрената природа на полдерите и старите ветерници, како и можностите за велосипедизам и кану, но и набљудување на птиците.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Лер (округ) Категорија:Населени места во Источна Фризија