Хаџирамаданова џамија (или Долна џамија) — стара османлиска џамија во градот Ресен. Му припаѓа на Ресенското муфтиство на ИВЗ.

Храмот е сместен во центарот на градот. Изграден е во 1592 година според натписот на влезот. Обновен е во 1971 година, при што е зачуван главниот облик на градбата, но орнаментиката е променета.

Според муслиманските преданија раскажани од ресенскиот оџа, Хаџирамадановата и Хаџимуратовата џамија (другиот муслимански храм во Ресен) се изградени од двајца браќа од Битола по име Хаџи Радаман и Хаџи Мустафа. Според христијанските преданија, обете џамии се изградени на местата некогашни цркви; на местото Хаџирамадановата џамија се наоѓал храмот „Св. Петка“. Нејзиниот поп се потурчил и станал муслимански духовник, но од почит кон христијанството ги собрал предметите и светињите од црквата и ги ставил на чување во сандак во џамискиот подрум.

Поврзано Ресенско муфтиство

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Знаменитости во Ресен Категорија:Исламски споменици на културата во Македонија Категорија:Џамии во Ресен Категорија:Отомански џамии во Македонија Категорија:Џамии во Ресенското муфтиство Категорија:Појавено во 1592 година