Операција Везерибунг ( превод: Операција Везерова вежба, 9 април - 10 јуни 1940 година) бил Германски напад на Данска и Норвешка за време на Втората светска војна и почеток на операцијата Норвешки поход.
Во раните утрински часови на 9 април 1940 година (Весертаг, „Ден на Везер“), Германија ја окупирала Данска и ја нападнала Норвешка, како превентивна операција против планираната француско-британска окупација на Норвешка позната како План Р 4 (кој всушност бил развиен како одговор на идна германска агресија врз Норвешка). По окупацијата на Данска (на данската војска ѝ било наредено да се повлече бидејќи Данска не ѝ објавила војна на Германија), германските намесници ги информирале владите на Данска и Норвешка дека Вермахтот дошол во заштита на неутралноста на земјите против француско-британската агресија.
Политичка и воена позадина Од пролетта 1939 година, Британскиот адмиралитет почнал да гледа на Скандинавија како можен воен театар во конфликтот со Германија. Британската влада нејќела да се вклучи во уште еден конфликт на континентот за кој верувала дека ќе биде повторување на Првата светска војна. Затоа, почнала да размислува за стратегија на блокада во обид индиректно да ја ослабне Германија. Германската индустрија во голема мера била зависна од увозот на железна руда од северните шведски рударски области, а рудата во текот на зимските месеци најчесто била испорачувана преку северното норвешко пристаниште Нарвик. Ако се воспостави контрола врз норвешкиот брег, блокадата против Германија би била поостра.
Во октомври 1939 година, началникот на германската Кригсмарине, Ерих Радер на Адолф Хитлер му ја предочил опасноста од потенцијалните британски бази во Норвешка и дека Германија може да ги заземе овие бази пред Британците. Морнарицата тврдела дека ако ја заземат Норвешка ќе имаат контрола врз околните мориња и ќе можат да организираат напади со подморници против Обединетото Кралство. Меѓутоа, другите ограноци на Вермахтот не биле заинтересирани, а Хитлер штотуку издал наредба во која се наведува силите да се насочат на копнената офанзива низ Ниските Земји.
Кон крајот на ноември, Винстон Черчил, како нов член на британскиот воен кабинет, предложил минирање норвешките територијални води со операцијата Вилфред. Ова би ги принудило транспортерите на руда да патуваат низ отворените води на Северното Море, каде што Кралската морнарица би можела да ги пресретне.
Черчил претпоставил дека Вилфред ќе предизвика германски одговор во Норвешка, а сојузниците потоа ќе го спроведат планот Р 4 и ќе ја окупираат Норвешка. Иако подоцна била спроведена, операцијата Вилфред прво била отфрлена од Невил Чембрлен и Лорд Халифакс плашејќи се од непосакувана реакција на неутралните нации како САД. Почетокот на Зимската војна меѓу Советскиот Сојуз и Финска ја променила стратешката ситуација, па Черчил повторно ја предложил својата рударска операција, но повторно била одбиена.
Во декември, Обединетото Кралство и Франција започнале план за да ѝ помогнат на Финска. Според планот требало воени трупи да се истоварат во Нарвик, во северна Норвешка, (главно пристаниште за извоз на шведската железна руда) и да ја преземат контролата врз железничката линија Малмбанан од Нарвик до Лулео во Шведска на брегот од Ботнискиот Залив. Планот ќе им овозможел на сојузниците да ја окупираат шведската област со рудници за железна руда. Планот добил поддршка од Чембрлен и од Халифакс. Тие се надевале и на соработката на Норвешка за да се надминат некои правни прашања. Но, Норвешка и Шведска не се согласиле со планот поради предупредувањата од Германија. Откако во март 1940 година бил потпишан Московскиот мировен договор, ваквата операција била неоправдана и била повлечена.
Планирање По состанокот со норвешкиот министер Видкун Квислинг на 14 декември, Хитлер го свртел своето внимание кон Скандинавија. Убеден дека сојузниците се закана за снабдувањето со железна руда, Хитлер ѝ наредил на Врховната команда на Вермахтот (OKW) да отпочне со планирање за инвазија на Норвешка. Првичниот план бил наречен Студие Норд (Studie Nord) и била потребна само една армиска дивизија.
Од 14 до 19 јануари, Кригсмарине развила проширена верзија од овој план. Имало два клучни фактора: факторот изненадување кое било клучно за да се намали заканата од норвешкиот отпор (и британската интервенција); и користењето на побрзи германски воени бродови за транспорт на војници. Ако се задоволат факторите, сите цели би се окупирале истовремено. Новиот план предвидувал комплетен армиски корпус. Цел на планот бил освојување на норвешкиот главен град Осло како и Берген, Нарвик, Тромсо, Трондхајм, Кристијансанд и Ставангер. Со планот се предвидувало и брзо апсење на кралевите на Данска и Норвешка со надеж дека потоа ќе има брзо предавање на нациите.
На 21 февруари 1940 година, за командант на операцијата бил назначен генералот Николаус фон Фалкенхорст. За време на Првата светска војна тој се борел во Финска и бил запознат со арктичкото војување, но требало да командува само со копнените сили, и покрај желбата на Хитлер да има обединета команда.
На 27 јануари 1940 година, конечниот план го добил кодното име Операција Везеибунг. Копнените сили ќе бидат составени од XXI армиски корпус, како и од 3-тата планинска дивизија и пет пешадиски дивизии. Првата фаза се состоела во напад од три дивизии, а другите требало да се приклучат во следниот бран. Три падобрански чети требало да се користат за заземање аеродроми. Одлуката за испраќање на 2та планинска дивизија била донесена подоцна.
Скоро сите операции на подморниците во Атлантикот требало да бидат прекинати за тие да помогнат во операцијата. Секоја подморница која била на располагање, како и некои чамци за обука, биле користени како дел од операцијата Хартмут за поддршка на Весерибунг.
На почетокот, планот бил да се нападне Норвешка и да се воспостави контрола врз данските аеродроми преку дипломатски напори. Но, на 1 март Хитлер издал нова наредба со која повикал на инвазија на Норвешка и на Данска. Наредбата била издадена на инсистирање на Луфтвафе за заземање на воени бази и места за станици за воздушно предупредување. За инвазијата на Данска бил формиран Корпусот XXXI, составен од две пешадиски дивизии и 11-та моторизирана бригада. Целата операција би била поддржана од Х воздухопловен корпус, составен од околу 1.000 авиони од различни типови.
Подготовки мини|Германски мртви изнесени на брегот од германскиот поморски танкер . мини|Тешкиот крстосувач слетуваше во Норвешка во 1940 година. Во февруари, разурнувач на Кралската морнарица се качил на германскиот транспортен брод Алтмарк додека тој се наоѓал во норвешките територијални води, со што ја наруши норвешката неутралност. Хитлер прекршувањето на норвешката неутралност го сметал за јасен знак дека сојузниците исто така биле подготвени да ја нарушат норвешката неутралност, и затоа се посветил на инвазијата.
На 12 март, Обединетото Кралство одлучило да испрати експедициски сили во Норвешка, непосредно пред завршување на Зимската војна. Откако Зимската војна завршила силите биле отповикани, а операцијата откажана. Британскиот кабинет изгласал одобрување на Черлиловата операција за минирање на норвешките води, пропратена со растоварање на војници.
Првите германски бродови испловиле за нападот на 3 април. Два дена подоцна, започнала и долго планираната операција Вилфред, и одред од Кралската морнарица го напуштила Скапа Флоу со цел да ги минира норвешките води. На 8-ми април биле поставени мински полиња во Вестфјорден. Операцијата Вилфред била завршена.
На 9 април, започнала германската инвазија, а исто така веднаш било започнато извршувањето на планот Р 4.
Инвазија на Данска лево|мини| Германски тенкови во Обенро, Данска, 9 април 1940 година Стратешки, Данска ѝ била важна на Германија како почетна точка за окупација на Норвешка. Како мала земја која се граничи со Германија, исто така се сметала за земја која во одреден момент ќе мора да падне. Со оглед на местоположбата на Данска на Балтичкото Море, земјата, исто така била клучна во контролата на поморскиот пристап до главните германски и советски пристаништа.
На 9-ти април 1940, во 04:00 часот, германскиот амбасадор во Данска, Сесил фон Ренте-Финк, му се јавил на данскиот министер за надворешни работи Петер Мунк и побарал средба со него. Откако 20 минути подоцна се сретнале, Ренте-Финк му кажал дека германските трупи тргнале да ја окупираат Данска за да ја заштитат земјата од француско-британскиот напад. Германскиот амбасадор побарал веднаш да престане данскиот отпор и да се воспостави контакт меѓу данските власти и германските вооружени сили. Ако не се исполнат овие барања, Луфтвафе ќе го бомбардира Копенхаген. лево|мини| Германски оклопен автомобил на Јитланд . Додека се соопштувале германските барања, Германите веќе напредувале; во 03:55 часот првите германски трупи со траект се растовариле во Гедсер и се упатиле на север. Германските падобрански единици (Фалширмјегер) непречено слетувале зазеле 2 аеродроми во Алборг, мостот Сторстрем како и тврдината Маснедо. Нападот на Маснедо е првиот регистриран напад во воената историја од страна на падобранци.
Во 04:20 часот, баталјон од германски пешадиски војници се истоварил на пристаништето во Копенхаген и веднаш без посилен отпор го зазел данскиот гарнизон во Кастелет. Од пристаништето, Германците се упатиле кон палатата Амалиенборг за да го заробат данското кралско семејство. Додека напаѓачите се движеле кон резиденцијата на кралот, била предупредена кралската гарда и на помош кон палатата тргнало засилување. Првиот германски напад на Амалиенборг бил одбиен, а Кристијан X и неговите министри добиле време за да се состанат со началникот на данската армија, генерал Приор. Додека разговарале, неколку формации на германски бомбардери над градот фрлале летоци во која се наведувала оправданоста за германската инвазија на Данска. мини| Данските трупи во Бредевад утрото на германскиот напад. Двајца од овие војници беа убиени во акција подоцна истиот ден. Соочени со заканата дека Луфтвафе ќе го бомбардира цивилното население во Копенхаген, кралот Кристијан и целата данска влада капитулирале околу 06:00 часот, а тоа требало да ја задржат политичката независност во внатрешните прашања.
Нападот на Данска траел помалку од шест часа и била најкратката воена кампања спроведена од Германците за време на војната. Брзата данска капитулација резултирала со блага окупација на Данска (особено до летото 1943 година), и со одложување на апсењето и депортацијата на данските Евреи кои пак биле навреме предупредени и побегнале да се засолнат во неутралната Шведска.
Инвазија на Норвешка
Команда на нападот Воениот штаб за операцијата се наоѓал во хотелот Еспланаде во Хамбург, од каде што биле давани наредби и на воздушните единици вклучени во инвазијата.
Норвешка била важна за Германија од две основни причини: како база за поморските единици и подморниците, со кои имала за цел да ги блокира испораките на сојузничките бродови во Северен Атлантик и да испорачува железна руда од Шведска преку пристаништето Нарвик.
Инвазијата на Норвешка требало да ја изврши XXI армиски корпус под команда на генерал Николаус фон Фалкенхорст и се состоел од следниве поголеми единици:
69-та пешадиска дивизија 163-та пешадиска дивизија 181-ва пешадиска дивизија 196-та пешадиска дивизија 214-та пешадиска дивизија 3-та планинска дивизија
Трупите биле пренесени до Норвешка во неколку групи со бродови на Кригсмарине.
Тек на операцијата мини|Места каде се растовариле Германците за време на почетната фаза од операцијата Везерибунг мини| Карта на Ослофјорд со Оскарсборг Доцна вечерта на 8 април 1940 година, норвешкиот патролен брод Пол III забележал германска воена формација. Германците отвориле оган на Пол III и го убиле капетанот на бродот Леиф Велдинг-Олсен. Тој бил првиот Норвежанец убиен во акција за време на нападот. Германските бродови потоа по Ослофјорд се упатиле кон норвешката престолнина.