Фредерик Лејтон, Прв Барон Лејтон (); ( – ) — англиски сликар и вајар. Во неговите дела се прикажани историски, библиски и класични содржини.
Животопис Лејтон е роден во Скарборо во семејство кое се занимавало со увоз-извоз. Се образувал во Универзитетската Колешка школа во Лондон. Потоа го стекнал правното образование во континентална европа, прво кај Едвард фон Штајнле, а потоа кај Џовани Коста. Кога бил во Фиренца, на возраст од 24 години, каде учел во Академијата на убави уметности, ја насликал поворката на Чимабуевата Богородица низ Борџо Алегри. Живеел во Париз од 1855 до 1859, каде ги запознал Енгр, Делакроа, Коро и Миле.
left|thumb|200px|„Зажарениот јуни“ Во 1860 се преселил во Лондон, каде се поврзал со Предрафаелитите. Го проектирал гробот на Елизабет Барет Браунинг за Роберт Браунинг во Англиските гробишта во Фиренца во 1861. Во 1864 станал придружен член на Кралската академија, а во 1878 станал нејзин претседател (1878–96). Неговата склптура „Атлет како се бори со со питон“ (1877) се сметала за зачеток на ренесанса во современото британско вајарство, која се анрекувала Ново вајарство. Неговите слики ја претставувале Британија на Големата изложба во Париз во 1900.
Му било дадено витештво во Виндзор во 1878, а осум години подоцна бил прогласен за баронет. Тој бил првиот сликар кому му е доделено перство, на Новогодишната Почесна листа во 1896.; Лејтон починал следниот ден од ангина пекторис.
right|thumb|180px|Фотопортрет на Лејтон
Бидејќи бил нежнет, по смртта, неговото баронство згаснало по постоење само еден ден; ова е рекорд на сте времиња. Неговата куќа во Холанд Парк, Лондон е музеј, наречен Лејтонова музеј-куќа. Во него има негови цртежи и слики, како и некои скулптури (меѓу кои и „Атлет како се бори со питон“).
Хронолошки преглед 1864 - Придружен член на Кралската академија 1868 - Академик на Кралската академија 1878 - Претседател на Кралската академија 1878 - Чиновник во Легија на честа 1886 - Прогласен за Баронет 1889 - Ја добива Римската награда за вајарство 1889 - Придружен член на Институтот на Франција 1896 - Прогласен за британски пер
Галерија
Поврзано Список на избрани дела од Фредерик Лејтон „Ромола“ – роман од Џорџ Елиот илустриран од Лејтон Академизам Англиска сликарска школа Список на британски сликари
Надворешни врски Скарборо, родното место на Лејтон Лејтоновата музеј-куќа Брајан Јодерова страница за Лејтон на goodart.org Лејтонова галерија на MuseumSyndicate
Категорија:Британски баронети Категорија:Британски барони Категорија:Англиски сликари Категорија:Англиски вајари Категорија:Историски уметници Категорија:Академизам Категорија:Викторијански период Категорија:Добитници на Римската награда Категорија:Членови на Кралската академија Категорија:Носители на прускиот Орден за заслуги (граѓански) Категорија:Офицери на Легијата на честа Категорија:Носители на Кралскиот златен медал Категорија:Витези-бакалауреати Категорија:Членови на Академијата на убавите уметности Категорија:Предрафаелитски сликари