Жупански мост () — стар камен мост во Населичко, Егејска Македонија.

Ја преминува реката Праморица на патот кој ги поврзува селата Жупан и Сволјани во општината Горуша. Има камена двосводна конструкција и важи за најстариот мост на Праморица. Реставриран е во 2006 г. Познат е и под името Дерски мост (Γεφύρι Του Ντέρη) по името на жупанецот Дерис, кој поседувал воденица крај мостот.

Наводи

Категорија:Мостови во Егејска Македонија Категорија:Горуша (општина)