Азиз-агин мост () — стар османлиски камен мост во Гребенско, Егејска Македонија.
Мостот се наоѓа на неколку километри источно од гребенското селото Залово и ја преминува реката Венетик во источните возвишенија на планината Пинд. Има најширок лак во цела Македонија (15 м), а долг е 70 м. Од обете страни на големиот лак има два помали лака, а над нив има олеснителни отвори. Изграден е во 1727 г. и го носи името на Азиз-ага, кој ги дал средствата за изградба.
Во 1995 г. мостот е прогласен за споменик на културата.
Поврзано Венетик
Наводи
Категорија:Мостови во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Гребен (општина) Категорија:Појавено во 1727 година Категорија:Камени мостови