Јосиф Христовски-Ѕвончаро (, – , ) — припадник на македонското националноослободително и комунистичкото движење и учесник во антифашистичката борба во Југославија.

Животопис мини|лево|200px|Биста на Јосиф Христовски-Ѕвончаро во Градскиот парк во Битола Јосиф Христовски основно и средно образование завршил во Битола. По матурата во 1933 година, се запишал на правни студии во Белград, Србија. Откако дипломирал во 1939 година се вратил во Битола, и станал еден од иницијаторите за создавањето на нов Местен комитет на КПЈ и негов прв секретар. Во тоа својство е организатор на поголем број на штрајкови на битолските работници. Заради својата револуционерна дејност од српската окупаторска полицијата бил повеќепати апсен и затворан. Во 1939 година бил затворен во Билеќа, Босна и Херцеговина. Откако се вратил, повторно се вклучил во работата на комунистичката организација во Битола како член на Месниот комитет. Во септември 1940 година бил уапсен и осуден на пет години затвор. Казната ја издржувал во Србија, во затворот во Сремска Митровица.

Учество во НОБ Априлската војна од 1941 година го затекнала в затвор. Во август 1941 година заедно со други комунисти-затвореници успеал да побегне од затворот и како партизан му се приклучил на Фрушкогорскиот партизански одред. По краток период се префрлил во Западна Србија и учествувал во создавањето и работата на познатата Ужичка Република. Оттаму заминал во југозападна Србија и во реонот на Лесковац бил борец на Кукавичкиот партизански одред. Загинал во борбите на оваа партизанска единица со големосрпските четници на Дража Михајловиќ во април 1942 година.

Чествување Адвокатската комора на Битола донирала бисти на Јосиф Христовски-Ѕвончаро и на Коле Канински како на правници кои се поставени пред Апелациониот суд во Битола во 1981 година. Секоја година на денот на адвокатите полагаат цвеќе пред нивните бисти.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Македонски комунисти Категорија:Македонски партизани