Делински мост или Папамика () — стар камен мост кај селото Делино, Кожанско, Егејска Македонија. Се наоѓа на 8 км по патот Калдадес - Трановалто, точно под надвозникот на државниот пат Лариса - Кожани (преку Делино - Рамна). Претставува прилично голем сводест мост од XIX век. Широк е 5 м, висок 2,3 м и долг околу 10 м. Изграден е од варовник и шкрилци. Се смета за особено убав споменик на традиционалната народна архитектура.
Наводи
Категорија:Мостови во Егејска Македонија Категорија:Серфиџе