Вљубени Жени (), е романтична бразилска теленовела. Серијата е снимена во Бразил во текот на 2003 година, со 203 епизоди за национално ниво и 170 за меѓународниот пазар. Серијата имаше огромен успех во Бразил, а голема причина беше тоа што оваа серија се емитуваше во ударниот термин. Првата епизода ја гледале 45% од бразилското население, а последната епизода 59% од населението.
Синопсис Оваа теленовела зборува за Хелена, сопруга и мајка која полнува да се сомнева на својот брак со музичарот Тео. Нивниот однос е обичен, без големи караници, но и без страсти. Тие имаат син Лукас, Хелена предава историја и е наставничка во училиште, чии газди се нејзиниот маж и неговата сестра Лорена. Тео свире саксофон во џез бендот во кој пее Перола, а со неа Тео има ќерка Лусијана, која студира медицина. Перола се венчала за музичарот Атаулфо, кој исто така свири во бендот на Тео. Тие двајца имаат син Јаир. Сите, и покрај своето минато, добро се сложуваат. Враќањето на Цезар во нејзиниот живот е најголем извор на сомневањето на Хелена. За Тео се венчала, оставајќи го Цезар, кој веќе никогаш не го видела. Во првиот дел од серијата, Хелена добива вест како тој останал вдовец и дека живее во Рио де Жанеиро. Исто така дознава едка е неврохирург во клиницата на Д-р Анхел Морети, каде работи Лусијана и неговата ќерка Марсиња, која е ученичка во училиштето на Хелена. Цезар е признат доктор, но сите се плашат заради неговата ладна природа. Кога неговата жена Изабел се разболила, нивниот однос со синот Родриго распаднал. Родриго го оптужува татко му дека тој е крив за смртта на неговата мајка бидејќи таа се разболила од недостаток на љубов во нивниот брак. Додека Изабел умира, Родриго се кара со татко му, велејќи му дека ја извенерувал својата мајка со својата асистентка Лаура. Цезар рачуна дека неговата мајка Матилде и ќерката Марсиња ќе му помогнат повторно да се зближи со синот. Хелена својата сомнеж ја поделува со своите сестри Хилда и Елоиса. Врската со сестрите ќе биде најважна за нејзината иднина. Хилда и Елоиса, исто така се женети, но живеат во потполно различен однос со своите сопрузи. Хилда е газдарица на слаткарница која ја заработува со помош на нејзината ќерка. Венчана е за адвокатот Леандро, а нивна ќерка е тинејџерката Елиса. За разлика од Хелена, Хилда е самоуверена и му верува на својот сопруг. Елоиса, е најмлада од сестрите, венчана е за архитектот Серхио, згоден љубеник на спортот, на кој е љубоморна. Иако Серхио го сака женското друштво, не сака да го наруши својот однос со Елоиса, која во нивниот брак секогаш се обидува да најде нешто што навистина го нема. Елоиса работи со уметници. Уште една добра пријателка на Хелена е Лорена, одлична и страствена жена.
Улоги Глумци ЛиковиКристиане Торлони ХеленаХосе Мајер ЦезарТони Рамос ТеоСузана Виеира ЛоренаКаролина Диекман ЕдвигесЕрик Мармо Клаудио МоретиЖулија Гам КасиоРене де Вилмонд Елоиса
Музика Don't Know Why - Norah Jones Disease - Matchbox Twenty I'm With You - Avril Lavigne Nothing At All - Santana You Belong To Me - Jennifer Lopez Vivir Sin Aire - Maná Misunderstood - Bon Jovi Sexed Up - Robbie Williams Imbranato - Tiziano Ferro The Way You Look Tonight - Rod Stewart Noche de Ronda - Paolo Te Dejo Madrid - Shakira Hurt You So Bad - Crazy Town Dancer - Computernet D-Deep - Deep House
Вљубени Жени на Балканот Македонија: МТВ Телевизија Србија: Канал+ Босна и Херцеговина: ТВ Сараево Наводи
Надворешни врски Теледраматургија Интернет Филмска База на податоци
Категорија:Бразилски телевизиски серии Категорија:Теленовели