Љубница (Љумница или Љумничка Река; ) — река во Мегленско, Егејска Македонија и Гевгелија во Р Македонија. Реките Црна и Љубница го оцртуваат источниот дел на планината од запад и од исток. Во северна насока планината се нарекува Грипа или Мајадаг, (Νεροφάγωμα) а во јужен правец планината се спушта стрмно кон Гуменџе и Ениџе Вардар, каде се наоѓа највисокиот врв на планината Гандач.

Реката извира од северниот дел на планината Пајак, образувана од неколку потоци што извираат северно од врвовите Јаребична и Мусов Гроб. Тече под влашкото името Валија Мади во источен правец. Минува северно од селото Љумница (Љубница), каде е наречена Вале Мари. Свртува на север, ја прима поголемата притока Пистирика и повторно зазема источен правец под името Дрок, а потоа како Мала Река. Ја сече границата источно од пирамидата бр. 64 и се влева во Конска Река јужно од Гевгелија.По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“

Поврзано Пајак (планина) Мегленско Гевгелиско

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Меглен Категорија:Географија на Гевгелија Категорија:Вардарски слив Категорија:Пајак (планина)