Енипејски Водопад () — водопад во Катеринско, Егејска Македонија. Сместен е над гратчето Литохоро во областа на Западен Олимп. Водопадот се наоѓа во истоимената Енипејска Клисура на реката Енипеј, малку над планинарскиот дом „Прионија“. Висок е 38 м. До него се стасува во европската патека на долги растојанија Е4 која ја сече клисурата.

Поврзано Енипејска Клисура

Наводи

Категорија:Водопади во Егејска Македонија Категорија:Дион-Олимп Категорија:Олимп