Абдула II бин ел-Хусеин ( ; роден на 30 јануари 1962 година) е крал на Јордан, кој владее од 7 февруари 1999 година. Тој е член на династијата Хашемити, кралско семејство на чело на Јордан од 1921 година и се смета за директен потомок (41-во поколение) на пророкот Мухамед.

Абдула е роден во Аман како прво дете на кралот Хусеин и неговата втора сопруга принцезата Муна. Како најстар син на кралот, Абдула бил престолонаследник додека Хусеин не ја префрлил титулата на чичкото на Абдула, принцот Хасан, во 1965 година. Неколку недели пред неговата смрт во 1999 година, кралот Хусеин го именувал својот најстар син Абдула за свој наследник.

Абдула, како уставен монарх, ја либерализирал економијата по преземањето на престолот, а неговите реформи довеле до економски бум кој продолжил до 2008 година. Во текот на следните години , економијата на Јордан доживеала потешкотии поради ефектите од Големата рецесија и Арапската пролет, како и поради прекинувањето на трговските односи со соседните земји. Во 2011 година, во арапскиот свет избија големи протести со барање реформи.

Абдула е популарен на локално и на меѓународно ниво поради одржување на стабилноста на Јордан и е познат по промовирањето на меѓуверскиот дијалог и умереното разбирање на исламот. Како актуелен арапски лидер кој најдолго владее, во 2016 година од страна на Кралскиот исламски центар за стратегиски студии бил оценет како највлијателниот муслиман во светот. Абдула е чувар на муслиманските и христијанските свети места во Ерусалим, позиција која неговата династија ја има уште од 1924 година. По протекувањето на „Пандорините документи“ во 2021 година и „ Кредит Свис“ во 2022 година откриле дека Абдула има огромно богатство кое го маскирал преку офшор компании и даночни раеви.

Биографија алт=A young King Hussein and Princess Muna, holding their two young sons|лево|мини| Принцот Абдула (2 години) и принцот Фајсал со нивните родители, кралот Хусеин и принцезата Муна, во 1964 година Абдула е роден на 30 јануари 1962 година во Аман, како дете на кралот Хусеин и неговата втората сопруга родена во Британија, принцезата Муна ел-Хусеин (родена Антоанета Аврил Гардинер). Тој го носи името на неговиот прадедо, Абдула I, основачот на модерен Јордан. Династијата на Абдула, Хашемитите, владеела со Мека преку 700 години (од 10 век до освојувањето на Мека од династијата Сауд во 1925 година), и владее со Јордан од 1921 година. Хашемитите се најстара владејачка династија во муслиманскиот свет. Според семејната традиција, Абдула е патрилинеарен потомок од 41-та генерација на ќерката на Мухамед Фатима и нејзиниот сопруг, Али, четвртиот Рашидунски калиф.

Како најстар син на Хусеин, Абдула станал јордански престолонаследник според уставот од 1952 година. Поради политичката нестабилност кралот Хусеин назначил возрасен престолонаследник на негово место, и во 1965 година го избрал вујкото на Абдула, принцот Хасан. Абдула своето школување го започнал во 1966 година на Исламскиот образовен колеџ во Аман, а образованието го продолжил во Сент Едмунд во Англија. Средно училиште завршил во Иглбрук а потоа се запишал во Дирфилдската академија во САД.

Абдула има четири браќа и шест сестри: принцезата Алија, принцот Фајсал, принцезата Ајша, принцезата Зеин, принцезата Хаја, принцот Али, принцот Хамза, принцот Хашем, принцезата Иман и принцезата Раја; седум од нив му се полубраќа и полусестри по таткова страна. алт=Abdullah (age 11) in uniform with soldiers|мини| Абдула, на 11 годишна возраст, за време на посетата на штабот на Јорданските кралски воздухопловни сили во 1973 година Својата воена кариера ја започнал во Кралската воена академија Сандхерст во 1980 година, додека бил офицер за обука во јорданските вооружени сили. По Сандхерст, Абдула бил назначен за втор поручник во британската армија и служел една година во Велика Британија и Западна Германија како командант на војници во 13-тиот/18-тиот полк на кралските хусари. Во 1982-1983 година, Абдула II студирал во Оксфорд, на колеџот Пемброк, каде што посетувал курс посветен на проучувањето на Блискиот Исток. Откако се вратил во Јордан, се приклучил на елитната 40-та оклопна бригада на јорданските вооружени сили, како командант на вод и заменик командант на баталјон.

Во 1985 година, принцот започнал да служи во 3-та дивизија на оклопниот корпус. Истата година, Абдула Втори посетувал курс за офицери на оклопни сили во американската Форт Нокс, Кентаки. Во 1986 година, го добил чинот капетан.

Во 1987 година, Абдула II студирал во Соединетите Американски Држави на Факултетот за надворешни работи при Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон, каде што ја одбранил магистерската теза по меѓународна дипломатија без да ја прекине воената служба.

Абдула се запознал со Ранија ел Јасин, вработена во отсекот на маркетинг во Епл во Аман, на вечера организирана од неговата сестра принцезата Ајша во јануари 1993 година. Тие се свршиле два месеци подоцна, а во јуни склучиле брак.

Во 1994 година Абдула ја презел командата на јорданските специјални сили и на другите елитни единици како бригаден генерал, и две години подоцна ги преструктуирал во Здружена команда за специјални операции. Во 1998 година станал генерал-мајор, посетувал курс за управување со одбранбените ресурси во Американската поморска школа за постдипломски студии и командувал со елитната единица на специјалните сили за потера по одметници. Операцијата наводно завршила успешно, а неговото име се скандирало по улиците на Аман.

Владеење Абдула го придружувал својот татко во многу мисии, како и на состаноците во странство со советските и американските лидери. Тој повремено бил регент на кралот Хусеин во текот на 1990-тите, но оваа должност претежно ја извршувал помладиот брат на Хусеин, престолонаследникот Хасан. Абдула ја предводел делегацијата на неговиот татко во Москва на разговори во 1987 година. Често го посетувал Пентагон во Вашингтон, каде што лобирал за поголема воена помош за Јордан. Му се придружил на својот татко на посетите на Хафез Ал-Асад во Дамаск и Садам Хусеин во Багдад (пред Заливската војна во 1990 година ). Абдула командувал со воените вежби за време на посетите на израелските воени функционери на Јордан во 1997 година, и бил испратен рачно да му достави порака на Муамер Гадафи во 1998 година.

На 24 јануари 1999 година, две недели пред неговата смрт, кралот Хусеин ги изненадил сите, а и самиот Абдула, со тоа што наместо Хасан го прогласил својот син како наследник на престолот.

Две недели подоцна, шефот на државата починал. Истиот ден, принцот Абдула бил прогласен за нов крал. Крунисувањето на кралот Абдула Втори се случило во јуни истата година по што следела поворка низ Аман од страна на 37-годишниот крал и неговата 29-годишна сопруга Ранија - тогаш најмладата кралица на светот.

Кога Абдула се искачил на престолот како четврти крал на Јордан, имало сомнеж во неговата способност да управува со економската криза во земјата - последица од Заливската војна во 1990 година. Кралот ја задржал умерената прозападна политика на неговиот татко, поддржувајќи го мировниот договор меѓу Израел и Јордан од 1994 година, а Соединетите Држави и арапските држави од Персискиот Залив ја зголемиле својата помош.

Абдула во ноември 1999 година се пресметал со присуството на Хамас во Јордан по молбите од Соединетите Држави, Израел и палестинската управа. Репресијата се случила за време на мировните преговори меѓу Израел и палестинските власти. Кралот протерал четворица функционери на Хамас во Катар и ги затворил нивните канцеларии во Аман. Мировните преговори пропаднале по насилното палестинско востание, Втората интифада, во септември 2000 година. Абдула, ги предводел напорите за смирување на политичкото насилство.

Еден од приоритетите на новиот крал бил економскиот развој на земјата. На почетокот на неговото владеење приватизирал некои државни претпријатија, а во 2000 година Јордан се приклучил на Светската трговска организација (СТО) и склучил договор за слободна трговија со Соединетите Држави. Во надворешната политика, Абдула II ја продолжил политиката на неговиот татко, според која Јордан станал „важен сојузник на Америка“. Било забележано дека Абдула II постојано ги осудувал терористичките напади извршени од муслимани од религиозни причини, ја поддржувал американската политика на војна против тероризмот и се залагал за проповедање на исламот како мирољубива религија. Тој посветил големо внимание на изнаоѓање начини за мирно решавање на израелско-палестинскиот конфликт; Во 2003 година, Јордан бил домаќин на самит на кој присуствувале американскиот претседател Џорџ В. Буш, израелскиот премиер Ариел Шарон и палестинскиот премиер Махмуд Абас.

На внатрешен план, Абдула II, како и неговиот татко, цврстo се спротивставил на опозицискиот „Фронт на исламска акција“ - партија создадена под покровителство на меѓународната организација „Муслиманско братство“ Тој го продолжил контроверзниот единствен непренослив изборен систем, спроведен од неговиот татко во 1991 година, кој ги загрозил исламските политички партии откако тие добиле 22 од 80 места на изборите во 1989 година. Абдула пред изборите издал кралски декрет, со кој се вовел амандман на изборниот закон со кој на жените им се дава квота од шест места во Парламентот.

Во 2007 година, било објавено дека Јордан примил 800.000 ирачки бегалци кои избегале по американската инвазија; повеќето се вратиле во Ирак. Во 2008 година, Абдула станал првиот арапски шеф на држава што го посетил Ирак по американската инвазија во 2003 година. Посетата била во услови на загриженост на сунитските Арапи за растечкото иранско влијание во Ирак.

Арапска пролет 2010-2014 алт=Large street demonstration, with speakers addressing the crowd|лево|мини| Демонстрации на Арапската пролет во Аман против подоцна отповиканата владина одлука за намалување на субвенциите за гориво. 16 ноември 2012 На крајот од јануари 2011 година, во Јордан, како и во многу други земји за време на таканаречената „Арапска пролет“, започнале масовни демонстрации на незадоволни од политиката на властите и проблемите во економијата: растот на цените, големата невработеност и релативно нискиот животен стандард. Демонстрантите повикале на распуштање на парламентот кој бил избран три месеци претходно во ноември 2010 година, кога прорежимските кандидати освоиле мнозинство пратенички места. Јорданската монархија била првиот арапски режим кој понудил политички отстапки за време на Арапската пролет. Демонстрантите барале премиерот на земјата да биде избран од народот, а не назначен од кралот. Обидувајќи се да го смири незадоволството, на 1 февруари, Абдула II уште еднаш го разрешил премиерот и целиот кабинет (во претходните години, кралот го осум пати го направил тоа), а исто така ветил дека владата ќе стане изборна.

Во ноември 2012 година, владата ги намалила субвенциите за гориво, што предизвикало раст на цените. Одлуката, која подоцна била отповикана, предизвикала големи протести низ целата земја. Режимот ги смирил немирите со воведување реформи, измена на околу една третина од уставот и формирање Уставен суд и Независна изборна комисија. лево|мини| Абдула се состанал со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон, 5 април 2017 година

Западен Брег Во декември 2012 година, Абдула бил првиот шеф на држава што го посетил Западниот Брег по гласањето на Генералното собрание на Обединетите нации за доделување на палестинската управа статус на земја набљудувач која не е членка. Јордан се залага за независна палестинска држава, со граници од 1967 година, како дел од решението за две држави и од врвен национален интерес. Јордан, е единствената земја што се граничи со Западниот Брег освен Израел, управувал со него по Арапско-израелската војна во 1948 година и ја загубил Шестдневната војна во 1967 година. Анексија на Западниот Брег не била меѓународно призната, а во 1988 година кралството го отстапил своето право на територијата.

Регионални превирања 2014–2019 година