Свети Атанасиј () — парохиска црква во селото Пателе, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е изградена на местото на постар храм. Во неа се зачувани 13 вредни икони од XVIII и XIX век и едни царски двери.
Кон црквата има парохиски центар во кој се собрани вредни икони, старопечатни книги и други црковни предмети од старите (подоцна обновени) храмови на селото — „Св. Петка“, „Св. Дух“, „Св. Пантелејмон“ и „Св. Атанасиј“. Во црквата има 118 икони, три распетија и едни царски двери. Најголемиот дел од нив датира од XIX век, од кои 20 од почетокот на векот и 26 од крајот. Има пет икони од 1789 г. и 16 од 1674 г. — дело на тројца различни зографи. Во оваа група спаѓаат и распетијата на и царските двери. Икони во слична техника и стил има во селата Катраница и Трепишта, Кајларско.
Поврзано Леринско-преспанско-еордејска епархија
Наводи
Атанасиј, Пателе Атанасиј, Пателе