Темновиолетова гулапка () е јадлив член од родот Гулапка. Таа има боја на шапката, темно вино (црвено вино) или виолетово и расте во микориза со листопадни, или повремено иглолисни дрвја. Вообичаени народни имиња, cрна-виолетова гулапка, или виолетова кршливка.

Таксономија Првично е опишана како Agaricus atropurpureus од германскиот природонаучник Јулиус фон Кромбхолц во 1845 година, а сместена во Гулапка од неговиот сонародник Макс Брицелмајр во 1893 година, биномното име на оваа печурка R.atropurpurea (Krombh.) Класификацијата на Брицелмајр е прифатена како неточна и миколозите не можат да се договорат за соодветна замена.

Распространестост и живеалиште Темновиолетова гулапка расте на крајот на летото и почетокот на есента. Вообичаена е во северните умерени зони, Европа, Азија и Источна Северна Америка и е во микориза со дабот ( Quercus ), со кој претпочита да живее. Претпочита кисела почва, повремено може да се сретне и со бука или бор.

Опис лево|мини| Зрела Темновиолетова гулапка островот Кајен Шапката достигнува од е 4 - 10 см во пречник. Таа е темно црвеникаво виолетова, со темен; понекогаш речиси црн центар. Отпрвин е конвексенна, но подоцна се израмнува и често има плитка вдлабнатина. Може да има и посветла боја или шарено жолтеникава. Дршката е цврста, бела и станува сива со возраста. Тоа расте 3-6 см во должина и 1–2 см во дебелина. Тесно поставените и прилично широките жабри се прикачени речиси слободно со бледа крем боја, давајќи отпечаток на спорите со иста боја. Месото е бело; со овошен мирис, сличен на јаболко. Вкусот е умерено лут.

Видот Р. brunneviolacea и Р. romellii се слични видови, иако и двете имаат потемни отпечатоци од спорите.

Како што созреваат плодните тела, шапките стануваат вдлабнати за да соберат вода за време на влажно време, а голем дел од бојата на шапката се мие од работ.

Спори лево|мини| Спори на 800x пронајдени во поле во Велс, Обединетото Кралство. Отпечатокот на спорите е белузлав, а спорите од субглобус до топчести украсени со брадавици и гребени се со димензии 7-9 x 6-7 микрометри.

Јадливост За Темновиолетова гулапка се вели дека оваа е најблагата од видовите Гулапка со лут вкус. Може да се јаде ако топлински се обработи, иако не се препорачува.

Наводи

Категорија:Јадливи габи Категорија:Габи на Македонија Категорија:Гулапка Категорија:Габи на Европа