Црвенонога гулапкаНаучна класификација Царство:FungiКолено:BasidiomycotaРед:AgaricomycetesКласа:RussulalesСемејство:RussulaceaeРод:RussulaВид:R.queletiiБиномен називRussula queletiiFr. 1872 Црвенонога гулапка ( латински Russula queletii), е вообичаена, нејадлива, гулапка габа што расте во групи, претежно во смрекова шума. Јадењето на оваа печурка предизвикува болки во стомакот.

Опис Шапката кога е млада е конвексно полутопчеста, потоа раширена и подоцна вдлабната со многу мала тапа испакнатина, кожичката е отпрвин влажна, потоа сува, работ е тиично ребрест, прилично е месеста, крута, пурпурно кафеава и вински црвена или виолетово напрскана на средината секогаш потемна. Нараснува од 5 до 9 см во пречник, но може да биде и до 10 см. Дршката е валчеста, на основата малку потесна, најнапред полна, потоа сунѓереста, пурпурно црвена, на самото дно белузлава. Нараснува со висина од 4-8 см и 0,5 до 2 см во дебелина.

Месото е кршливо белузлаво или сивкаво, под кожичката на шапката пурпурно црвеникаво, водесто, вкусот е лут а мирисот е овошен. 

Ливчињата се бели, кршливи, а спорите се крем.

Спорите се овални, односно брадавичести, 8- 10 x 7-9 микрометри, споровиот прашец е жолтокрем по боја.

Хемиски реакции, месото со железен сулфат станува црвеникаво, со фенол кафеаво, а кожичката на шапката со калиев сулфат станува портокалово окер.

Расте на есен особено во смрекова шума.

Слични видови

Russula sardonia Russula torulosa

Наводи

Е. Гарнвајднер. Печурки и жаби од Британија и Европа . Колинс. 1994 година.

Надворешни врски Russula queletii in MycoBank.

Категорија:Габи на Македонија Категорија:Нејадливи габи Категорија:Гулапка Категорија:Габи на Европа