Крвава гулапка Научна класификацијаЦарство:FungiКолено:BasidiomycotaКласа:AgaricomycetesРед:RussulalesСемејство:RussulaceaeРод:RussulaВид:R. sanguinariaБиномен називRussula sanguinaria(Schumach.) Rauschert. (1989)Синоними R. sanguinea Bull. Fr. (1803)

Крвава гулапка Миколошки одлики жабри на химениум шапката е конвексна или вдлабната химениумот дршката е гола отпечаток од спори е крем боја јадливост: нејадлива Крвава гулапка (латински Russula sanguinaria), позната и како крвава кршлива печурка, е впечатливо обоена габа од родот Гулапка.Таа е светло-крвавоцрвена, не се јаде и расте во симбиоза со четинари. Претходно била нашироко позната под името Russula sanguinea.

Таксономија лево|мини| Крвава гулапка во Германија, Шелклинген, Хаузен Крвава гулапка за прв пат била опишана како Agaricus sanguinarius од Хајнрих Кристијан Фридрих Шумахер во 1803 година, и повторно опишана под нејзиното сегашно биномно име од микологот Стефан Раушерт во 1989 година. Agaricus sanguinea била опишана и од Булијард и преименувана во Russula sanguinea од Елиас Магнус Фрис.

И специфичните епитети sanguinaria и sanguinea се изведени од латинскиот збор sanguis („крв“), референца за бојата на печурката. Според Дејвид Арора во 1986 година, не е јасно дали овој европски вид е ист како американскиот вид Russula rosacea. Според теренскиот водич од 2012 година, тие се исти.

Опис Цврстата шапка расте до 10 см во пречник. Отпрвин е конвексна, но подоцна се израмнува, а понекогаш станува во облик на чинија кога ќе созрее. На почетокот има светло-крвоцрвена или розова боја, малку бледнее со возраста и често има побледи области. Кожата на шапката се лупи само на рабовите.

Ливчињата се прилично густи, тесни прираснати или благо се спуштаат низ дршката, бели или малку жолтеникаво нафрлани.

Дршката е цврста валчеста, прилично набрчкана отпрвин полна, потоа преградесто шуплива повремено бела, но почесто зацрвенета како бојата на шапката.Нараснува висока од 3-7 см. и дебела од 0,5 до 2,5 см.

Месото е тврдо, подоцна кревко, бледо, има склоност да пожолтува, мирисот е овошен благ, вкусот многу лут или горчлив на јазикот.

Спорите се тркалезни, шилесто брадавичести, 7,5 -10 x 6,5-8,5 микрометри. Отпечатокот од спорите е исто така крем до бледо окер.

Хемиски реакции, месото со железен сулфат станува црвено како месо, со фенол станува кафеаво, со феноланилин и месото и ливчињата стануваат отпрвин винско црвени, потоа виолетови и најнакрај пурпурноцрни, додека со алфанафтол месото посинува.

Слични видови

Russula helodes е макроскопски идентичен, но има тенденција да го фаворизира Sphagnum мов во четинарни шуми и е многу поредок. Бесна гулапка (Schaeff.) Pers. расте во истото живеалиште и има светло црвена шапка. Многу е ронлива и кревка.

Повеќето од другите вообичаени светло-црвени видови Гулапка растат со листопадни дрвја.

Распространетост и живеалиште Крвава гулапка се појавува во лето и есен, по четинарни шуми, често со бор, на песочни почви.

Јадливост Оваа печурка не може да се јаде, има „пиперкаст“ вкус, а понекогаш е и прилично горчлив. Многу Гулапка со сличен вкус се отровни кога се јадат сирови. Симптомите се главно гастроинтестинални по природа, дијареа, повраќање и колични стомачни грчеви. Активниот агенс не е идентификуван, но се смета дека се состои од сесквитерпени, кои се изолирани од Russula sardonia,Andina D. et al. (1980). "Sesquiterpenes from Russula sardonia." Phytochemistry 19: 93–97 и сродниот род Lactarius.

Галерија

Наводи

Категорија:Габи на Македонија Категорија:Нејадливи габи Категорија:Гулапка Категорија:Габи на Европа