Мека (арапски مكة Makka, полн назив مكة المكرّمة Makka al-Mukarrama) — град во рамнината Тихама во Саудиска Арабија и исто така е главен и административен град на регионот Мека. Градот се наоѓа 70 километри од копното на Џеда во тесна долина на височина од 277 метри надморска височина и 340 километри јужно од Медина. Нејзиното постојано население во 2012 година изнесувало околу 2 милиони, иако посетителите повеќе од трипати го зголемуваат овој број секоја година во периодот на аџилак што се одржува во дванаесеттиот муслимански месечев месец.
Како родно место на Мухамед и местото на првото откровение на Мухамед на Куранот (конкретно пештера на 3 километри од Мека), Мека се смета за најсветиот град во исламотNasr, Seyyed (2005). Mecca, The Blessed, Medina, The Radiant: The Holiest Cities of Islam. Aperture и место за аџилак, познато како Хаџ кој е задолжителен за сите способни муслимани. Во Мека се наоѓа Ќаба, најсветото место на исламот. Мека била долго владеена од потомците на Мухамед, познати како шарифи, кои дејствувале како независни владетели или како вазали. Таа била освоена од Ибн Сауд во 1925 година. Во својот современ период, Мека забележала огромна експанзија во големината и инфраструктурата, каде што се наоѓаат структурите како што се Абраџ ел-Бејт, хотелот „Кула на кралскиот часовник“, четврта највисока зграда во светот. За време на оваа експанзија, Мека има изгубено некои историски структури и археолошки наоѓалишта, како што е Еџјадската тврдина. Денес, повеќе од 15 милиони муслимани ја посетуваат Мека годишно, вклучувајќи и неколку милиони во текот на неколкуте денови на ХаџA Saudi tower: Mecca versus Las Vegas: Taller, holier and even more popular than (almost) anywhere else, The Economist (24 June 2010), Cairo.. Како резултат на тоа, градот станал еден од најпознатите космополитски градови во муслиманскиот светFattah, Hassan M.Islamic Pilgrims Bring Cosmopolitan Air to Unlikely City, The New York Times (20 January 2005)., иако на немуслиманите им е забрането да влезат во градот.
Име и етимологија
„Мека“ е форма на името на градот на македонска и англиска транслитерација за арапското име на градот, иако официјалната транслитерација што ја користи саудиската влада е „Мака“ (Makkah), што е поблиску до арапскиот изговор. Зборот „Мека“ на англиски јазик се користи во случај на секое место кое привлекува голем број луѓе, и поради тоа некои муслимани го прифатиле користењето на овој правопис за градот како навредлив.. Саудиската влада го усвоила терминот Makkah како официјален правопис во 1980-тите, но тој не е универзално познат или употребен во светот. Целото официјално име на градот е Мака ел-Мукарама или Макату л-Мукарама (مكة المكرمة, Makkah al-Mukarramah или Makkatu l-Mukarramah), што значи „Почитувана Мека“, но исто така се преведува ѝ како „Светиот град Мека“.
Старото или првото име за местото Мека е Бака (Баках, Бека или Бекка). Етимологијата на арапски јазик е нејасна. Широко се верува дека Бака е синоним за Мека, додека муслиманските научници генерално го користат за да го означат светото подрачје на градот што ја опкружува и ја вклучува Ќаба.
Формата Bakkah се користи за името Мека во Куранот во 3:96, додека формата Мека се користи во 48:24. На јужноарапски јазик, јазикот што се користел во јужниот дел на Арапскиот Полуостров во времето на Мухамед, „б“ и „м“ биле заменливи. Другите извори градот Мека во Куранот (6:92, 42: 5) го нарекуваат Ум ел-Кура (), што значи „мајка на сите населби“ или „мајка на селата“. Друго име на Мека е ТихамаAlSahib, AlMuheet fi Allughah, p. 303.
Друго име за Мека, според пустината и планините што ја опкружуваат, според арапската и исламската традиција, е Фаран, осврнувајќи се на пустината Паран, спомената во Стариот завет во Битие 21:21. Арапската и исламската традиција тврди дека пустината Паран, во широка смисла, е Тихама и местото каде што се населил Исмаил било Мека. Јакут ел-Хамави, сириски географ од 12 век, напишал дека Фаран е „арабизиран хебрејски збор, едно од имињата на Мека споменати во Тора“.
Управување
Мека се наоѓа и е управувана од Општина Мека, општински совет од четиринаесет локално избрани членови на чело со градоначалник (наречен ел-Амин) назначен од саудиската влада. Од мај 2015 година, градоначалникот на градот бил д-р Осама бин Фадел Ал Бар.
Мека е главен град на регионот Мека, кој ги вклучува и соседна Џеда. Провинцискиот гувернер бил принцот Абдул-Маџид ибн Абдул-Азиз ел-Сауд од 2000 до неговата смрт во 2007 година.На 16 мај 2007 година, принцот Калид бин Фејсал ел-Сауд бил назначен за нов гувернер.
Историја Рана историја
Раната историја на Мека сè уште е во голема мера спорна, бидејќи во античката литература пред да се појави исламот не постојат недвосмислени извори за градотHolland, Tom; In the Shadow of the Sword; Little, Brown; 2012; Page 303: ‘Otherwise, in all the vast corpus of ancient literature, there is not a single reference to Mecca – not one’. Римското Царство ја презела контролата на дел од Хеџаз во 106 година од н.е.The New Encyclopædia Britannica: Micropædia Volume 8. USA: Encyclopædia Britannica, Inc. 1995. p. 473. , владејачките градови како што биле Хегра (денес познат како Мадаин Салих), кој се наоѓа на север од Мека. И покрај тоа што детални описи биле направени на Западна Арабија од Рим, како што е ониј на Прокопиј Кесариски, не постојат извори за град кој бил место за аџилак или пак претставувал трговски бастион, како што се смета дека била МекаHolland, Tom; In the Shadow of the Sword; Little, Brown; 2012; Page 471. Првото директно споменување на Мека во надворешната книжевност се случило во 741 година во византиско-арапската хроника, иако тука авторот го става градот во Месопотамија, а не во Хеџаз.
Со оглед на непријатната срединаCrone, Patricia; Meccan Trade and the Rise of Islam; 1987; Page 7 и недостатокот на историски извори во римски, персиски или индиски извори, историчарите, меѓу кои и Патриша Кроун и Том Холанд, се сомневаат врз тврдењето дека Мека била главната историска трговска тврдинаHolland, Tom; In the Shadow of the Sword; Little, Brown; 2012; Page 303.
Потенцијални антички извори
Грчкиот историчар Диодор Сицилиски за Арабија напишал во своето дело Bibliotheca historica, опишувајќи свет храм: „И таму е поставен храм, кој е многу свето место и многу го почитуваа сите Арапи“Translated by C H Oldfather, Diodorus Of Sicily, Volume II, William Heinemann Ltd., London & Harvard University Press, Cambridge, Massachusetts, MCMXXXV, p. 217.. Се смета дека ова се однесува на Ќаба. Сепак, географската локација Диодор ја опишува дека се наоѓа во северозападна Арабија, околу областа на Леуке Коме, поблиску до Петра, и во рамките на поранешното Набатејско Царство и Римска АрабијаJan Retsö, The Arabs in Antiquity (2003), 295–300Photius, Diodorus and Strabo (English): Stanley M. Burnstein (tr.), Agatharchides of Cnidus: On the Eritraean Sea (1989), 132–173, esp. 152–3 (§92).).
Клавдиј Птоломеј ги наведува имињата на 50 градови во Арабија, а еден под името „Макораба“. Според некои иследувачи, овој град би можело да се однесува за денешниот град Мека. Сепак, поради недостаток на опис или некоја друга придружна литература, тврдењето се смета за спорно.
Исламски поглед
Во исламскиот поглед, почетоците на Мека се припишува на потомците на Исмаил. Во Стариот завет, во Псалми 84: 3-6, се споменува аџилак по долината на Бака, што муслиманите го сметаат дека се однесува на Мека како Бака во Куранот 3:96.
Некое време во 5 век, Ќаба претставувала место за обожување на божествата на паганските племиња на Арабија. Најважното паганско божество во Мека било Хубал, кој бил сместен таму од владејачкото племе КурејшиIslamic World, p. 20 и останало до 7 век.
Во Sharḥ al- Asāṭīr, коментар за самарјанската мидрашка хронологија на патријарсите, од непознат датум, но веројатно составен во 10 век од н.е., се тврди дека Мека била изградена од синовите на Навајот, најстариот син на ИсмаилCrown, Alan David (2001) Samaritan Scribes and Manuscripts. Mohr Siebeck. p. 27Crone, Patricia and Cook, M. A. (1977) Hagarism: The Making of the Islamic World, Cambridge University Press. p. 22.Lazarus-Yafeh, Hava (1992). Intertwined Worlds: Medieval Islam and Bible Criticism. Princeton University Press. pp.61–62.
Во 5 век, Курејшите ја презеле контролата врз Мека и станале квалификувани трговци. Во 6 век тие се приклучиле на профитабилниот трговски зачин, бидејќи војните на други места ги пренасочиле трговските патишта од опасните морски патишта до посигурни копнени правци. Византија претходно го контролирала Црвено Море, но бројот пиратите се зголемувала. Уште една претходна маршрута што поминувала низ Персискиот Залив преку реките Тигар и Еуфрат, исто така, била загрозена од експлоатациите од Сасанидското Царство и биле нарушени од Лахмидите, Гасанидите и Римско-персиските војни. Искуството на Мека како трговски центар, исто така, ги надминало градовите Петра и ПалмираLapidus, p. 14. Сасанидите сепак не секогаш претставувале закана за Мека, бидејќи во 575 година тие го штителе градот Мека од инвазијата на Кралството Аксиум, предводено од нејзиниот христијански водач Абраха. Племињата на јужна Арабија побарале помош од персискиот крал Хосрој I Ануширван, како одговор на кој тој се упатил кон Јужна Арабија со војници и бродови во Мека. Персиската интервенција го спречила христијанството да се шири кон исток во Арабија.
До средината на 6 век, во северна Арабија имало три главни населби, низ целиот југозападен брег кој се граничи со Црвеното Море, во еден погоден регион помеѓу морето и големите планини на исток. Иако областа околу Мека била целосно неплодна, таа била најбогатата од трите населби со изобилна вода преку познатиот свет бунар Земзем и позиција на крстосницата на главните патни правци.
Суровите услови и теренот на Арапскиот Полуостров значело речиси постојана конфликтна ситуација меѓу локалните племиња, но еднаш годишно тие прогласувале примирје кога требало сите племиња да дојдат во Мека на аџилак. До 7 век, ова патување било наменето за религиозни причини од страна на паганските Арапи да им оддадат почит на нивните светилишта и да пијат од бунарот Земзем. Честопати, во ова време биле решавани и споровите помеѓу разните племенски групи, како и долговите, главно поради користа од саемот кој се одржувал во градот во тоа време. Овие годишни настани им дале на племињата чувство на заеднички идентитет и Мека станала важна тврдина на полуостровотLapidus, pp. 16–17.