десно|мини|250x250пкс| Алејата на великаните десно|мини|200x200пкс| Централната скулптура Партизански гробишта во Крушево — дел од градските гробишта во Крушево, во пределот наречен Алеја на великаните. Се состои од две парцели на кои во поединечни гробови се погребани 20 паднати борци на НОВЈ од Крушево и околните села. Сите гробови се изградени од бетон, а на секој е поставена метална надгробна плоча со нивното име. На горниот дел, во центарот на алејата, е поставена скулптура од бел цемент, пред која има три метални плочи со список од вкупно 72 паднати борци од Крушево и околината.Ђорђи Трајковски. Преглед на спомениците и спомен-обележјата во СР Македонија. „Републички завод за заштита на спомениците на културата“, Скопље 1986. година, 110. стр. Меѓу нив е и народниот херој од Крушево Манчу Матак.

Наводи

Категорија:Општина Крушево Категорија:Македонија во НОБ Категорија:Споменици во Македонија