Свети Димитриј () — црква во селото Битуша, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата е гробишен храм, сместен во југозападниот дел на селото. Претставува трикорабна базилика со дрвен покрив, трем на север и камбанарија. Според зачуваниот ктиторски натпис, изградена е во 1837, а живописана во 1844 г. од Јован Михаил и Михаил од епирското село Кионат со средства на Аврам и Божин.

Во храмот е зачувана вредна икона на Исус Христос Седржител од 1621/22 г. која според Викторија Поповска-Коробар е дело на првиот зограф од Сливничкиот манастир (1606/07) бидејќи ракописот на словенскиот текст на евангелието што го држи Христос е истиот како на ктиторскиот натпис во Сливница. Според неа, можеби станува збор за Илија Зограф, чие дело се фреските во „Св. Теодор Тирон и Теодор Стратилат“ во пиринското село Недобарско и оние во „Св. Архангели Позерски“ во Костур. Иконата во Битуша е подарена од извесен поп Михаил.

Поврзано Леринско-преспанско-еордејска епархија

Наводи

Димитриј, Битуша Димитриј, Битуша Категорија:Дела на Кионатската школа Категорија:Појавено во 1837 година