Свети Јован Претеча () — црква кај селото Пожарско, Мегленско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија. мини|лево|Фреска од црквата Според преданието, црквата е изградена околу 1800 г., но архитектонските особености укажуваат на средината на XIX век. Претставува трикорабна базилика со женска црква и трем на запад и југ. Има три влеза — два од југ и еден од запад. Прозорците се мали. Самостојната кула-камбанарија на запад од храмот подоцна е урната. Женската црква на запад има убав дрвен парапет со решетки. Столбовите се дрвени и малтерисани. Царските двери се резбани. Црквата е живописана во последните десетлетија на XIX век. Над јужниот влез однадвор има фреска на покровителот Јован Претеча. Забележителна е преносливата икона на Архангел Михаил од 1871 г.
Црквата е прогласена за историски споменик на 5 април 1999 г.
Поврзано Воденско-постолско-мегленска епархија
Наводи
Надворешни врски
Јован Претеча, Пожарско Јован Претеча, Пожарско Категорија:Споменици на културата во Меглен