Успение на Пресвета Богородица — манастирска црква на Воиславскиот манастир „Успение на Пресвета Богородица“.

Историја Камен-темелник за изградба на црквата бил поставен во 1968 година од страна на Митрополитот Злетовско-струмички г. Наум. Црквата била осветенаво 1980 година од страна на Епископот Тивериополски и администратор Злетовско-струмички Горазд.„Ораовичко-воиславска парохија “. Брегалничка епархија.

Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна до којашто е доградена припрата, а над него има ниша со фреска на којашто е претставена Богородица со Исус. Црквата има и споредни влезови на јужната и северната страна. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со лимен кров. Внатрешноста на храмот не е живописана, а иконите биле изработени од зографот Дончо од Секирник во 1975 година.

Непосредно до североисточниот агол од црквата се издига камбанаријата којашто над постаментот е отворена од сите страни.

Галерија

Поврзано Воиславци Воиславски манастир „Успение на Пресвета Богородица“ Воиславски манастир „Св. Илија“ Воиславски манастир „Св. Јован Крстител“ Црква „Св. Ѓорѓи“ Црква „Успение на Пресвета Богородица“ (стара) Црква „Св. Илија“ (стара) Црква „Св. Илија“ (нова) Црква „Св. Јован Крстител“ Црква „Св. Петка“ Црква „Св. Димитриј“ Црква „Св. Теодор“ Радовишко архијерејско намесништво Ораовичко-воиславска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Воиславци Категорија:Воиславски манастир „Успение на Пресвета Богородица“ Воиславци