Бугарски воени гробишта во Цапари — воени гробишта во потпелистерското село Цапари подигнати за време на Првата светска војна, кога таму биле погребани 214 бугарски војници и офицери кои загинале во битката на Пелистер.

Гробиштата се наоѓаат северозападно од црквата „Свети Ѓорѓи“, во која пак се наоѓаат седум споменици за закопани бугарски офицери.

Во 2004 година, гробиштата биле обновени со што тие станале првите официјални воени гробишта во Македонија.

Местоположба

Гробиштата се наоѓаат северозападно од селската црква „Св. Ѓорѓи“, а дел од спомениците се наоѓаат и во дворот на самата црква и селските гробишта.

Историја

Гробиштата биле во урнатини многу години, но биле обновени во 2004 година кога гробиштата станале и првите официјално признати бугарски воени гробишта во Македонија. Седумте споменици на бугарските офицери закопани во дворот на црквата „Свети Ѓорѓи“ се едни од ретките сочувани од илјадници бугарски офицерски споменици на територијата на денешна Македонија.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Воени гробишта од Првата светска војна во Македонија Категорија:Цапари