десно|мини|200x200пкс| Северната Кинеска Рамнина е област околу долниот тек на Жолта Река и нејзините притоки, како и степата на север. десно|мини|201x201пкс| Северната Кинеска Рамнина е прикажана во затемнетиот дел. Жолтата Река е прикажана како „Río Amarillo“. Северна Кинеска Рамнина (поедноставен кинески: 华北平原; традиционален кинески: 華北平原; пинјин: Huáběi Píngyuán) е голема рамнина формирана во доцниот палеоген и неогенот, а потоа била изменета од наносите од Жолтата Река. Таа е најголемата алувијална рамнина во Кина. На север рамнината се протега до Планините Јаншан, на запад до Планините Таиханг, на југ до Планините Даби, а на исток до Жолтото и Бохајското Море. Жолтата река тече по средината на рамнината и се влива во Бохајското Море.

Северната Кинеска Рамнина е еден од најважните земјоделски региони во Кина. Оваа рамнина со жолта почва е главна област за производство на сирак, просо, пченка и памук во Кина. Овде се одгледуваат и пченица, сусам и кикирики. Рамнината е еден од најгусто населените региони во светот

Јужниот дел од рамнината традиционално се нарекувала Централна Рамнина, и се смета за колевка на кинеската цивилизација.BASIC INFORMATION ON CHINA

Рамнината зафаќа површина од околу 409 илјади км2, и најголемиот дел од неа се наоѓа на надморска височина под 50 м.

Најголеми градови во рамнината се Пекинг, главниот град на Кина, и Тијанџин кој што е важен индустриски град и комерцијално пристаниште. Во рамнината се наоѓа и нафтеното поле Шенгли во Шандонг.

Наводи

Надворешни врски

Енциклопедија Британика : „Северна Кинеска Рамнина“

Категорија:Региони во Кина Категорија:Статии со текст на традиционален кинески Категорија:Статии со текст на упростен кинески Категорија:Северна Кинеска Рамнина