Свети Спас (Вознесение Христово) — преродбеничка црква во селото Тодорци, Мегленско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија. мини|лево|180п|Гробот на Божин Стаменитов (Емануил Стаматиадис) зад црквата. Црквата е изградена во 1878 г. Претставува трикорабна базилика со отворен трем на југ и запад. Вратите се доста ниски. Камбанаријата е на западната страна. Средниот кораб одвнатре е засводен, а страничните се со рамни тавани. Иконостасот е импресивен. Во црквата има неколку икони од 1778 г. Зографисана е во 1878 г. од Божин Стаменитов (Емануил Стаматијадис) од Пазар. Добро зачуван е резбаниот дрвен парапет на женската црква со сцени од химната Акатист, дело на светогорски монах. Иконите во црквата се од солунското гратче Куфалово, со кое Тодорци има стари врски. Црквата била палена од Турците во 1850 и 1875 г.
Државата ја прогласила за заштитен споменик на културата на 2 јуни 1986 г.
Поврзано Воденско-постолско-мегленска епархија
Наводи
Надворешни врски
Спас, Тодорци Спас, Тодорци Категорија:Споменици на културата во Постол (општина) Категорија:Појавено во 1878 година