Свети Атанасиј () — преродбеничка црква во селото Пилорик, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија. мини|лево|200п|Црквата од северозапад Црквата е гробишен храм во западниот крај на селото, изграден на почетокот на XIX век. Претставува трикорабна базилика со нартекс, женска црква, полукружна апсида и трем на југ. Изградена е од камења, делкани на четирите агли. Таванот е резбан, со претстава на Христос Седржител од 1886 г. Резбаниот многуаголен иконостас има икони од 1846 г. На гробиштата има стари округли крстови од камен.
Сè до изградбата на црквата „Успение на пресв. Богородица“ во 1860 г., православното население на Пазар одело во оваа црква.
Црквата е прогласена за историски споменик на 23 февруари 1995 г.
Поврзано Воденско-постолско-мегленска епархија
Наводи
Атанасиј, Пилорик Атанасиј, Пилорик Категорија:Споменици на културата во Постол (општина)