Свети Атанасиј () — преродбеничка црква во селото Чекре, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата е гробишен храм изграден од крајот на XVIII до почетокот на XIX век. Сместен е на источниот крај на селото, на брегот на денес пресушеното Ениџевардарско Езеро. Според друг извор, црквата е од времето на митрополитот Никодим Воденски (1859 – 1870).

Храмот претставува трикорабна базилика со нартекс, женска црква, трем и полукружна апсида. Иконостасот е резбан и царските икони на него се од 1815 г. Таванот дрвен и рамен, резбан и насликан.

Црквата е прогласена за историски споменик на 6 декември 1994 г.

Поврзано Воденско-постолско-мегленска епархија

Наводи

Атанасиј, Чекре Атанасиј, Чекре Категорија:Споменици на културата во Постол (општина)