Касарната во Сента била изградена во 1904 година. Како споменик на културата спаѓа во категоријата споменици од големо значење.

Зградата на противпожарната бригада во Сента, била дизајнирана од страна на Унгарски архитект, Бела Лајта, еден од најдобрите следбеници на познатиот унгарски архитект Еден Лехнера.

Надворешноста на зградата Изградена е во сецесионистички стил со елементи на унгарската народна уметност и се смета за ремек-дело на комбинација од унгарската сецесија и народна конструкција. Се состои од три павилјони - два се на линијата на регулирање на улиците, а третиот е во дворот. На предната страна на улицата, помеѓу два идентични павилјони сместени на оската, постои порта. Овие два павилјони се дизајнирани за канцеларијата на Претседателот, сала за состаноци, сала за забава, библиотека и читална. Во дворот има поинаква концепирана зграда. Во неа има: кабинети, спални, магацин за машини, набљудувачница и трпезарија. Магацинот се наоѓа веднаш зад овие згради.

Зградата е декорирана во малтер и хармонично насликана. Сите функционални апликации во зградата, како олуците, биле дизајнирани и изведени на уникатен начин.САНУ Споменици културе/Ватрогасна касарна

Конзерваторските работи биле изведувани во 1965, 1992 и 2005 година.

Поврзано

Споменик на културата од големо значење

Врски

Фотогалерија

Надворешни врски

Список на споменици на културата од големо значење во Војводина Листа на архитектонски споменици Виртуелен Архив на Бела Лајт

Категорија:Споменици на културата во Србија Категорија:Општина Сента