Банка (англиски: Bank) е финансиска институција чија главна дејност е прибирањето депозити и давањето кредити, како и извршувањето на платниот промет. Банките се најважните учесници во финансискиот систем. Во целиот свет, банките се најзначајните и најголемите финансиски институции, мерено преку нивното учество во вкупните средства на финансискиот сектор.
Дефинирање на банките мини|Филијалата на банката Тарго во Вецлар, Германија Современите банки претставуваат универзални, повеќеуслужни финансиски институции, бидејќи нивните активности не се ограничени на традиционалните банкарски работи (прибирање депозити и одобрување кредити), туку тие нудат и бројни небанкарски услуги. На пример, банките се присутни на пазарот на капитал, каде што посредуваат во издавањето хартии од вредност и во трговијата со хартии од вредност. Покрај тоа, банките работат како брокери и дилери и на другите финансиски пазари (на пример, на пазарот на пари и девизниот пазар). Исто така, банките управуваат со пензиските фондови, навлегуваат во дејноста на осигурувањето, чуваат разни финансиски и нефинансиски имоти, делуваат на пазарот на недвижности, се занимаваат со финансиско советување итн.Горан Петревски, Управување со банките, Скопје: Економски факултет, 2008, стр. 21. мини|Зградата на Дојче банк во Келн, Германија
Постојат два основни пристапа во дефинирањето на поимот банка: да се прифати правната дефиниција на банката, или пак, да се изведе функционална дефиниција. Така, во секоја земја постои посебен закон за банките, во кој вообичаено се дава дефиниција на поимот банка. На пример, македонскиот Закон за банките ја дефинира банката како „правно лице со дозвола од гувернерот на Народната банка на Македонија основано согласно со одредбите на овој закон, чија основна дејност е прибирање депозити и други повратни извори на средства од јавноста и одобрување кредити во свое име и за своја сметка.“Закон за банките, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/2007. Значи, според законската дефиниција, банките се институции што се занимаваат со прибирање депозити и давање кредити. Меѓутоа, проблемот со законската дефиниција е во тоа банките извршуваат голем број небанкарски активности, кои не се опфатени во законската дефиниција.
Според функционалниот пристап, дефинирањето на банките и нивното разграничување од небанкарските институции се врши врз основа на услугите што им ги нудат на клиентите. Така, како банки би се дефинирале оние финансиски посредници што нудат банкарски услуги, додека другите финансиски посредници би се дефинирале според нивните услуги. На пример, осигурителните друштва се финансиски институции што се занимаваат со осигурување на имот и лица, со животно осигурување итн; брокерски куќи се оние институции што посредуваат во трговијата со хартии од вредност; инвестициски фондови се оние посредници што прибираат финансиски средства и нив ги инвестираат на пазарот на капитал итн. Меѓутоа, и функционалниот пристап во дефинирањето на банките се соочува со слични проблеми, како и законската дефиниција: денес е невозможно да се направи остра разлика меѓу активностите на банките и оние на небанкарските институции.Горан Петревски, Управување со банките, Скопје: Економски факултет, 2008, стр. 22-23.
Одлики на банките мини|Зградата на Комерцбанк на Кралскиот плоштад во Касел, Германија
Основни одлики на банките се следниве:Kent Matthews and John Thompson, The Economics of Banking. John Wiley and Sons, Chichester, 2005, стр. 33. нивните обврски (депозитите) се определени на фиксен износ кој не зависи од приносот на портфолиото на банките обврските на банките имаат кус рок на достасување, кој е далеку пократок од оној на средствата висок процент од обврските (депозитите) се по видување во основа, ниту обврските ниту кредитите на банките не се преносливи (со определени исклучоци) мини|Зградата на банката Чешка спорителна во Прага
Историски развој на банкарството мини|Филијалата на Уникредит (UniCredit Bank) во Карлови Вари Почетоците на банкарството можат да се најдат во Стара Грција пред повеќе од 2 000 години, кога некои луѓе почнале да се занимаваат со размена на монетите што ги ковале одделни владетели. Подоцна, банкарството се развило и во Стариот Рим, но за време на средниот век настапило големо замирање на банкарските активности, кои биле во спротивност со црковните сфаќања. До повторно заживување дошло во времето на ренесансата, кога во Италија се појавиле првите банки во вистинска смисла на зборот, т.е. банки што примале депозити од богатите луѓе и им одобрувале кредити на трговците. Подоцна, во текот на 16 век и 17 век, средиштето на банкарството се преместило во северна Европа и во Британија, а потоа, пресудно значење во неговиот развој имала индустриската револуција. Инаку, зборот банка потекнува од италијанскиот збор „banca“ и од старофранцускиот збор „banque“, кои означуваат клупа, табла, т.е. маса. Имено, првите претходници на банките биле луѓето кои се занимавале со размена на монети – активност што вообичаено се извршувала на една мала масичка или табла.Горан Петревски, Управување со банките, Скопје: Економски факултет, 2008, стр. 24-25.
Функции на банките Банките имаат централна улога во економскиот систем, бидејќи извршуваат некои активности, кои се од витално значење за функционирањето на економијата. Банките извршуваат неколку важни функции:Richard Apostolik, Christopher Donohue, and Peter Went (2009), Foundations of Banking Risk. Hoboken, New Jersey: John Wiley and Sons, стр. 3-9.Горан Петревски, Управување со банките, Скопје: Економски факултет, 2008, стр. 34.Ѓорѓи Гоцков, Интегрирани макроекономски сметки и случајот на Македонија. Скопје: Еднотера, 2013, стр. 145-149. Овозможуваат финансиска интермедијација помеѓу штедачите и инвеститорите, т.е. делуваат како финансиски посредници, се јавуваат како носители во платниот промет, имаат посебна улогата во монетарната политика, Се примарни творци на паричната маса (преку кредитирање на субјектите), Преку прибирањето на депозити и кредити, влијаат врз вкупната ликвидност и понудата на пари во економијата, Го помагаат трансмисиониот механизам на монетарната политика, на економските агенти им нудат некои дополнителни услуги.
Финансиско посредување Банките претставуваат финансиски посредници (financial intermediaries), односно, ги поврзуваат економските агенти (луѓето и институциите), кои се наоѓаат во различна финансиска положба, т.е. оние со вишок и оние со кусок на финансиски средства. Притоа, банките ги прибираат средствата од економските агенти со вишок, а им позајмуваат на оние со кусок на финансиски средства. Извршувајќи ги депозитната и кредитната функција, банките им нудат на штедачите и на позајмувачите на средствата некои погодности, кои не се присутни на финансискиот пазар. Така, на економските единици со финансиски вишоци, банките им овозможуваат да вложуваат финансиски средства со различни износи. Во продолжение, депозитите на населението кај банките се осигурени до одреден износ, така што дури и да пропадне банката, штедачите нема да ги изгубат вложените пари. Исто така, банките нудат високоликвидни финансиски инструменти, што значи дека клиентите можат во секое време да ги подигнат вложените финансиски средства, и тоа по номиналниот износ. Најпосле, банките го решаваат проблемот на информациска асиметрија (informational asymmetry) помеѓу економските единици со вишок и со кусок на финансиски средства.Горан Петревски, Управување со банките, Скопје: Економски факултет, 2008, стр. 35-36.Richard Apostolik, Christopher Donohue, and Peter Went (2009), Foundations of Banking Risk. Hoboken, New Jersey: John Wiley and Sons, стр. 4-5.
Платен промет
Една од најважните функции на банките е посредувањето во плаќањата меѓу населението, претпријатијата и државните институции. Во тој поглед, банките имаат централна улога во економскиот систем, зашто ефикасното извршување на плаќањата меѓу економските агенти претставува неопходен предуслов за функционирање на економијата. Во платниот промет, банките ги снабдуваат луѓето и претпријатијата со готови пари, издаваат чекови и ги обработуваат плаќањата, извршени со нив, и вршат електронски пренос на парите меѓу сметките на населението и правните лица.Горан Петревски, Управување со банките, Скопје: Економски факултет, 2008, стр. 36-37.Richard Apostolik, Christopher Donohue, and Peter Went (2009), Foundations of Banking Risk. Hoboken, New Jersey: John Wiley and Sons, стр. 8.
Монетарна политика
Една од клучните одлики според која банките се разликуваат од другите финансиски институции е тоа што тие се дел од монетарниот систем на земјата, т.е. обврските на банките кон своите клиенти претставуваат дел од паричната масa. Посебното место на банките во однос на другите финансиски институции се изразува во тоа што тие учествуваат во создавањето на паричната маса, односно можат да ја зголемат паричната маса. Банките ја спроведуваат оваа функција извршувајќи ги своите секојдневни активности, т.е. преку кредитирањето. Кога банките им одобруваат кредити на своите клиенти, одобрените кредити се појавуваат во билансите на банките како нови депозити, под услов клиентите да не ги повлечат средствата во вид на готови пари. Имајќи предвид дека депозитите кај банките се дел од паричната маса, излегува дека со самото одобрување на кредитите, банките успеале да создадат нови пари, т.е. да ја зголемат паричната маса во економијата. Овој процес на создавање дополнителни пари преку процесот на кредитирањето се нарекува кредитна мултипликација. Токму заради способноста на банките да создаваат пари, односот на државата кон нив е различен во споредба со другите финансиски посредници.Горан Петревски, Управување со банките, Скопје: Економски факултет, 2008, стр. 37-38.Richard Apostolik, Christopher Donohue, and Peter Went (2009), Foundations of Banking Risk. Hoboken, New Jersey: John Wiley and Sons, стр. 6-7.
Други услиги Банките им ги нудат бројни финансиски услуги на своите клиенти:Richard Apostolik, Christopher Donohue, and Peter Went (2009), Foundations of Banking Risk. Hoboken, New Jersey: John Wiley and Sons, стр. 8-9.Горан Петревски, Управување со банките, Скопје: Економски факултет, 2008, стр. 38-39.Закон за банките, Службен весник на Република Македонија, бр.67/07, 1 јуни 2007, стр. 5-6. брокерски и услуги, инвестициско банкарство, менувачко работење, чување вредни работи во сефови, издавање гаранции, издавање акредитиви и други инструменти на меѓународниот платен промет, заштита од ризиците, управување со финансиските и другите имоти, финансиско советување, издавање електронски пари, финансиски лизинг, брз трансфер на пари, некои активности од областа на осигурувањето, итн.
Видови банки Поделбата на банките може да се изврши според повеќе критериуми, како што се: сопственоста, рочноста на одобрените кредити, според регионалниот критериум, според критериумот на прибирање парични средства за нивните деловни потреби итн. Според последниот критериум, може да се направи следнава категоризација на банки:Љупчо Трпески, „Банкарство и банкарско работење”, Скопје:Скенпоинт, 2009, стр. 30. емисони или централни; депозитни или комерцијални; универзални; инвестициони; деловни; специјализирани или грански; развојни; регионални; моно-банки; мултинационални банки.
Емисиони или централни банки
Под овие имиња се јавуваат оние привилегирани банкарски институции кои се задолжени за регулирање на количеството пари во оптек и за вредноста на домашната валута, за ликвидноста на банкарскиот систем и пошироко за ликвидноста на земјата во внатрешниот и во надворешниот платен промет.Љупчо Трпески, „Банкарство и банкарско работење”, Скопје: Скенпоинт , 2009, стр. 31.
Во денешно време, централните банки ги имаат следниве основни функции: издаваат, односно емитуваат книжни и ковани пари држат резерви на злато и девизи и ракуваат со нив