Бојан Миовски (роден на 24 јуни 1999 година, во Штип) — македонски фудбалер, напаѓач на Ренџерс и на македонската репрезентација.

Клупска кариера Миовски ја започнал својата професионална кариера во дресот на Брегалница во 2017 година, кога на 18 годишна возраст дебитирал во Првата македонска фудбалска лига во натпревар против Ренова. Во мај истата година, тој го постигнал својот прв професионален погодок во поразот на домашен терен со 1-2 од Победа. Во последното коло од пренството 2016-2017, во кое Брегалница со 6-2 го победила Работнички, Миовски забележал дури три асистенции за своите соиграчи. По испаѓањето на Брегалница, токму таа одлична партија го препорачува во летото 2017 да се пресели во Работнички.

Сепак, во Работнички работите не се одвивале како што треба за младиот напаѓач и после само една сезона во која настапил само во два натпревари, Миовски го напуштил Работнички и се преселил во Македонија Ѓорче Петров, а од таму во средината на сезоната 2018-2019 отишол во Ренова, каде најпосле добил повеќе простор за игра.

Во јули 2020 година, по истекот на неговиот договор со Ренова, Миовски потпишал за унгарскиот прволигаш МТК Будимпешта.Миовски и официјално дел од МТК: „Добивме одличен играч за повеќе позиции“ gol.mk; 15 јуни 2020 Миовски првиот гол за МТК Будимпешта во првата унгарска лига го постигнал на 3 октомври 2020 година против Будафок МТЕ.ВИДЕО: Прекрасен прв гол на Миовски во унгарското првенство, МТК загуби во финишот gol.mk; 3 октомври 2020 На 1 ноември 2020 година, тој постигнал два гола во победата на МТК Будимпешта од 4–0 над Ујпешт.ВИДЕО: Миовски игра во одлична форма – го „отвори“, па со ефектен гол го „затвори“ Ујпешт gol.mk; 1 ноември 2020

На 23 јуни 2022 година, Миовски потпишал четиригодишен договор со шкотскиот премиерлигаш Абердин. Своето деби за Абердин го направил на 24 јули 2022, во победата со 3-0 над нисколигашот Реит Роверс во Лига купот на Шкотска, во која го постигнал својот прв гол за клубот од пенал и забележал асистенција за третиот гол. Првите голови во шкотското првенство ги постигнал на 6 август 2022, кога два пати ја затресол мрежата на Сент Мирен. На 23 април 2023 година, тој постигнал гол во победата со 2-0 на домашен терен над еден од шкотските великани Ренџерс. Одличната прва сезона во дресот на Абердин, Миовски ја завршил со 16 постигнати гола, помагајќи му на клубот да заврши на третото место зад Селтик и Ренџерс и да се квалификува за Лига Европа за следната сезона.

На 24 август 2023 година, дебитирал во европските натпреварувања во натпреварот против шведскиот клуб Хекен во првото квалификациско коло за Лига Европа, постигнувајќи го првиот гол за Абердин во натпреварот што завршил 2-2. Во втората сезона во Абердин, тој ги подобрил својте перформанси од претходната сезона, постигнувајќи 26 гола (16 во првенството) во сите натпреварувања.

Репрезентативна кариера Миовски својот прв натпревар за државната репрезентација на Македонија до 21 година го одиграл на 8 октомври 2020 година против Казахстан, влегувајќи во игра од клупата за резервни играчи во 62. минута од натпреварот. Натпреварот завршил со гостинска победа на Македонија од 1–4. Претходно тој имал два настапи за државната репрезентација на Македонија до 19 години, и постигнал гол во победата над Лихтенштајн од 6–0.

Своето деби за сениорската репрезентација на Македонија, Миовски го направил на 8 октомври 2021 година против Лихтештајн.

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 14 април 2023.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2016-2017 Брегалница ПМЛ 7 2 КМ 2 0 - - - - - - 9 2 јан.-јун. 2018 ПМЛ 2 0 КМ 0 0 - - - - - - 2 0 2018-јан. 2019 ПМЛ 5 1 КМ 1 0 - - - - - - 6 1 јан.-јун. 2019 ПМЛ 7 3 КМ 0 0 - - - - - - 7 3 2019-2020 ПМЛ 18 2 КМ 2 0 - - - - - - 20 2Вкупно Ренова 25 5 2 0 - - - - 27 5 2020-2021 МТК Будимпешта НБ1 26 7 КУ 3 2 - - - - - - 29 9 2021-2022 НБ1 30 8 КУ 1 2 - - - - - - 31 10Вкупно МТК Будимпешта 56 15 4 4 - - - - 60 19 2022-2023 Абердин ШПЛ 37 16 КШ+ЛКШ 1+4 0+2 - - - - - - 42 18 2023-2024 ШПЛ 38 16 КШ+ЛКШ 4+4 4+2 ЛЕ+ЛК 2Во квалифкациските кола.+5 22 гола во квалифкациските кола.+2 - - - 53 26 авг. 2024 ШПЛ 2 0 КШ+ЛКШ 0+1 0+0 - - - - - - 3 0Вкупно Абердин 77 32 14 8 7 4 - - 98 44Вкупно во кариерата 132 39 14 6 - - - - 146 45

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1999 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери од Штип Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Абердин Категорија:Фудбалери на ФК Жирона Категорија:Фудбалери на ФК Ренџерс