Свети Нектариј () — црква во градот Рупишта, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија и заедно со „Св. Петка“ е еден од двата парохиски храма во градот.
На 30 мај 1997 г. 420 семејства од Рупишта поднеле молба до Костурската митрополија за оздавање на нова парохија наречена по Свети Нектариј, епископ на Пентапол. Местото за црквата е избрано со потешкотии. На 31 октомври 1999 г. митрополитот Серафим Костурски го положил камен-темелникот на храмот. Градежните работи започнале пролетта следната година и завршиле на 9 ноември 2006 г. со осветување на новата црква.
Поврзано Костурска епархија
Наводи
Нектариј, Рупишта Нектариј, Рупишта Категорија:Појавено во 2006 година