Ураганот во Северна Каролина од 1815 година ги предизвика најтешките поплави во Њу Берн, Северна Каролина уште од 1795 година. Најпрво бил откриен источно од Мали Антили на 26 Август, за наскоро се приближи до Чарлстон, Јужна Каролина, на 1 Септември, а потоа паднал на копно во близина на Кејп Локаут во Северна Каролина на 3 септември. Силните ветрови стигнале до Нова Англија на 5 септември и траеле сè до 6 септември. Ураганот предизвикал големи штети дури и пред да излезе на брегот: многу бродови биле оштетени, приземјени, превртени или уништени на брегот во текот на бурата. Забележани се и големи штети на посевите со пченка, памук и ориз. Надојдените води ги зголемиле реки дури за 2.4 метри повеќе од нормалата , поплавувајќи улици и објекти . Севкупно, ураганот нанесе најмалку 15 смртни случаи во текот на неговото траење, [nb 1] и повеќе од 60.000 долари (1815 година американски долари) имотна штета.
Метеоролошка историја Ураганот во 1815 година во Северна Каролина првпат беше откриен далеку источно од Малите Антили на 26 август.Chenoweth 2006, p. 224 Узбуна била забележано во Свети Вартелем на 29 август, каде што имало силни ветрови. На крајот, се приближи до Чарлстон, Јужна Каролина за 1 септември, пред да падне на копно во близина на Кејп Локаут, Северна Каролина на 3 септември, каде ефектите на ураганот траеле три дена.Ludlum 1963, p. 112 Бурата потоа го зафати внатрешноста, источно од Вилмингтон и набргу потоа се приближил до Њу Берн . Ураганот последователно скршнал кон североисток кај Едентон, неговото отстапување во патеката се совпаѓа со поместувањето на ветровите кон североисточно, западно од траекторијата на системот.Ludlum 1963, p. 113 Движејќи се североисточно, системот влегол во заливот Чесапик и поминал во отворените води на Атлантскиот Океан откако транзитирал над Нортфолк, Вирџинија на 5 септември, и продолжи да паралелно со источниот брег на САД .Hairr 2008, p. 47 Забележани се бранови на Лонг Ајленд и во делови од Нова Англија, со обилни дождови и силни ветрови.
Влијание Поморските загуби како резултат на ураганот биле значителни. Вечерта на 31 август, британскиот брод Спринг тежок 140 тони, од Ливерпул, бил заглавен на плажа во близина на Кејп Ромен . Огромните бранови предизвикаа распаѓање на бродот, а екипажот побегнал со долг брод кон Чарлстон, Јужна Каролина, преживеале, но ја изгубиле стоката од бродот.Fraser 2009, p. 71 Бродот Брутус, се превртел додека бил на пат кон Чарлстон од Њујорк. И покрај оштетувањето на производите: сирење и компири, бродот безбедно пристигна во Чарлстон. Во меѓувреме, во близина на Савана, Џорџија, невремето го уништил и Ричмонд Пакет кој доставувал шпанско вино. По должината на брегот на Чарлстон, високите бранови ги спречиле бродовите да се прикотват на пристаништето. Движејќи се нагоре по брегот, бурата ги оштетила полињата со памук и ги уништила браните што ги штитат оризовите полиња на реката Купер, уништувајќи ја годишната жетва. Уредник на весникот Савана републикан составил песна во која размислува и жали за маките на морнарите кои загинале во невремето.Fraser 2009, p. 72 На Саливанскиот Остров близина на Чарлстон, ураганот заглавил на плажата неколку бродови, а од Чарлстон до Џорџтаун, интензивните налети и обилните врнежи ги уништија полињата со памук и ориз во ниските региони.Hairr 2008, p. 43
Ураганот уништил бродови од Кејп Феар до Куритак, Северна Каролина, уништил култури, откорнал шуми и урнал патишта.Hairr 2008, p. 41 Во Вилмингтон, невремето нанесе штета на бројни згради, меѓу кои и банката Кејп Феар , која претрпела загуба на оџаците. Пристаништата во градот, исто така, претрпело умерена штета. Производство на сол на островот Масонборо и неколку други острови претрпеле сериозни оштетувања, при што ураганот создал 4.3 метри висок бран на бура што довел илјадници килограми сол да завршат во морето. Севкупно, соларницата на островот Масонборо претрпеле приближно 60.000 долари штета. Штетата била слично голема во близина на островот Беар и локации по должината на реката Бел Даб. Уништена била и втората соларница, а на блиската плажа уништена била и резиденција при што се удавиле пет членови на семејството. Втората куќа исто така беше однесена, а четири лица беа убиени внатре.Hairr 2008, p. 45 Величествените дрвја во сенка низ државата боле откорнати, а вратите на куќите во близина на Кејп Локаут се отворале и покрај тоа што биле цврсто заклучени. Во Едентон, се верувало дека ураганот бил полош од Големиот крајбрежен ураган од 1806 година. Ветровите откорнаа бројни дрвја во Фајетвил, попречувајќи ги патиштата, со слично влијание и во Рали . Значајна штета на посевите било забележана и во Винстон-Салем, каде што биле урнати оградите, а полињата со пченка, овоштарниците и шумите биле уништени.Ludlum 1963, p. 113
Остатоци од мал неидентификуван бродови биле откриени, напуштени, во близина на реката Њу Ривер, веројатно се работи за доставувачи на сирење од Нова Англија . Во Беафорт на неколку структури долж крајбрежјето претрпеле оштетувања, а неколку бродови во изградба биле уништени. Во близина на банките Шеклфорд и Бог, беа уништени неколку водни летала.Hairr 2008, p. 45 Бараките на тврдината извесно време биле кренати од површина, а преживеаните се држеле за нејзиниот покрив. На север, уште 30 чамци беа пронајдени уништени во близина на Окракок. Шест мажи беа убиени откако биле исфрлени од бродот Јулија, која се насука меѓу Хатерас и Окракоке. Дополнително, голем број бродови биле приземјени во близина на Кејп Хатерас . Во внатрешноста на земјата, илјадници дрвја и многу градби биле соборени, а полињата со земјоделски култури биле поплавени, со што била нарушена претстојната жетва. Њу Берн настрадал особено кога водата на реката Нојзе го прелеала коритото и го поплавила градот со 1.8 метри вода;Hairr 2008, p. 46 , поплавата се сметаше за најлоша од 1795 година.Ludlum 1963, p. 113 Зградите се распаднаа под силата на силните ветрови и поплавите, а многу луѓе се обидоа да избегаат од своите домови. Во меѓувреме, во Вашингтон, бурата предизвика соседната река Памлико.Hairr 2008, p. 47
Четири британски бродови биле принудени да се закотват во Норфолк, Вирџинија, откако претрпеле штета на 5 Септември. Силен дожд имало и во делови од Нова Англија на 5 и 6 септември, иако не предизвикал значителна штета.Ludlum 1963, p. 113
Поврзано
1815 ураган во Нова Англија 1827 ураган во Северна Каролина Список на урагани во Нова Англија
Белешки
Наводи
Литература
Категорија:Природни катастрофи во 1815